Како се снајде најбрзиот Mégane на патеката во Нирбургринг?
Civic Type-R на Honda скоро две години го држеше рекордот на патеката во Нирбургринг, но во одделот на Renault Sport минатата година одлучија да направат „ѕвер“ со кој ќе си ја однесат титулата во Франција. За оваа мисија го користеа Mégane R.S Trophy-R.
Mégane R.S Trophy-R го придвижува 1,8-литарски четирицилиндричен турбо бензин мотор со 300 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент. Има 6-степен менувач, а цената на овој автомобил изнесува 55.000 евра.