Како се станува телохранител на Ким Џонг Ун?

Светот повторно имаше можност да ги види необичните телохранители на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун кои трчаат покрај неговиот блиндиран автомобил облечени во костуми.

Тие се повеќе од спектакл – кога станува збор за обезбедувањето на лидерот, Северна Кореја не остава ништо на случајноста.

На историскиот самит во Сингапур каде Ким ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, сите очи ќе бидат вперени во Ким и неговите телохранители.

Телохранителите кои трчаат покрај лимузината на Ким и оние кои одат во три реда околу него, се дел од т.н. Централна партиска служба бр.6 или формално позната како Главна служба за аѓутанти.

Телохранителите се бираат од припадниците на Корејската народна армија каде регрутацијата е задолжителна.

Критериумите за да се биде дел од оваа елитна едница, пред сѐ се да бидат високи колку врховниот лидер и да имаат беспрекорен вид.

Овие човечки штитови се бирани внимателно заради нивните вештини – треба да се во одлична физичка форма, врвни стрелци, да знаат боречки вештини, но и да бидат убави и згодни.

На крај, избраните момци и девојки поминуваат и ригорозна проверка на минатото, нивно и на семејствата, две генерации наназад. Голем дел од припадниците на Централната партиска служба бр.6 се роднини на семејството Ким или на високата севернокорејска елита.

Ако бидат примени за позицијата телохранител на лидерот (нема опција да се одбие понудата), потоа поминуваат интензивен тренинг и обука, слични на оние на Специјалните оперативни сили.

Тука спаѓа ракување со огнено оружје, техники на спасување и евакуација и разни боречки вештини. Телохранителите поминуваат и интензивни предизвици за телесна и ментална издржливост, бихејвиорални тестови и физички ригорозни вежби.

 

 

Телохранителите формираат круг околу Ким со заштитен периметар во кој имаат поглед од 360 степени на луѓето околу него и на околината.

Како знак на моќта на режимот, телохранителите се дел од избраниот број луѓе кои смеат да носат оружје во близина на лидерот, и тоа обично е полуавтоматска пушка или резервен пиштол.

Покрај тоа што носат оружје, главната одбрана на телохранителите на Ким е нивната неверојатна вештина на набљудување и неутрализација на каква било опасност со нивните тела и раце.

Ким Џонг Ун има помалку телохранители од татко му.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе