Како се запали авионот со фудбалерите на Саудиска Арабија?

Руската федерална агенција за авиосообраќај „Росавијација“ отвори истрага за инцидентот во кој се запали авионот со фудбалерите на Саудиска Арабија.

Авионот на компанијата „Росија“ што ја превезуваше фубалската репрезентација на Саудиска Арабија на натпреварот на Мундијалот во Ростов на Дон се запали за време на летот, објави „Интерфакс“.

Портпаролот на „Росавијација“ изјави дека за време на слетувањето избила искра што предивикала пожар во еден од моторите на авионот, но слетувањето било изведено со двата мотори во оперативна функција и не била загрозена безбедноста на патниците.

„Росавијација ќе ги испита точните причини за овој инцидент и ќе ги опфати сите поврзани страни, вклучувајќи ја компанијата што го произведува моторот“, рече портпаролот.

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија претходно објави дека авионот со фудбалската репрезентација на земјата безбедно слетал во Ростов на Дон каде го продолжува натпреварувањето на Мундијалот, по „технички проблем на еден од моторите“.

Портпаролот на авиокомпанијата „Росија“ чиј „ербас А319“ ги превезуваше фудбалерите од Санкт Петербург до Ростов на Дон, негираше дека избил пожар и рече дека според прелиминарните податоци, проблемот го предизвикала птица вшмукана во еден од моторите на авионот.

„Ништо не ја загрози безбедноста на патниците. Авионот слета рутински. Не беше огласен никаков аларм за време на слетувањето“, рече портпаролот на „Росија“.

Новинската агенција „Ројтерс“ наведува дека на снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како гори крилото на авионот за време на летот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе