Како Северна Кореја ги понижи САД пред 50 години?

Има само еден активен брод на Американската морнарица што е во рацете на странска влада и тоа е владата на Северна Кореја.

На денешен ден, 23 јануари, 1968 година, Северна Кореја го нападнала и го освоила полувооружениот шпионски брод „USS Pueblo“  што пловел во меѓународни води во близина на нејзиниот брег. Барем така тврди американската влада. Бродот бил на мисија да собере што е можно повеќе податоци за „мистериозната“ војска на уште помистериозната нација, а во него имало чувствителна шпионска опрема за дешифрирање на разузнавачки документи.

Еден член на екипажот бил убиен, а останатите 82-ца биле заробени и малтретирани во наредната година.

Годинава се одбележуваат 50 години од грабнувањето на бродот и јубилејната годишница е потсетник дека односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг биле затегнати уште пред да почне размената на навреди и закани меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун.

Иако овие ве земји се во чудни односи повеќе од половина век, имало периоди кога ситуацијата била полоша од вообичаено. Во 1968 година состојбата била прилично лоша. Како и денес, двете земји си размениле остри коментари и по грабнувањето на бродот Американската морнарица настојувала дека мора да ѝ биде вратен екипажот, а Северна Кореја да се извини, па дури и сакала да добие надомест согласно меѓународните закони.

На Пјонгјанг тоа не му се допаднало. Наредните неколку месеци ги одбележале тензии и мали судири меѓу САД и Северна Кореја.

Врховниот генерал Пак Чанг Кук изјавил дека бродот „USS Pueblo“ се движел во водите на Северна Кореја, а не во меѓународни вои и Пјонгјанг барал од САД да го признаат тоа, да се извинат и да ветат, црно на бело, дека такво нешто нема пак да се повтори.

Вашингтон прво ја игнорирал идејата, но на крај се согласил и така го прекинале едногодишниот дипломатски срам на кој биле изложени.

Во тие месеци, САД, кои биле во војна со Виетнам, стекнале големо воено присуство околу Јужна Кореја, каде распоредувале неколку авиотранспортери.  СССР, клучен сојузник на Северна Кореја, пратил бродови во Јапонското Море. Сценографијата изгледала како да се подготвува голем конфликт.

Во меѓувреме, заробениот американски екипаж во Пјонгјанг преживувала ужас: глад, испитувања, тепање и психолошко измачување што траеле нешто помалку од една година.

Командантот Лојд М. Бучер дури бил изведен пред лажен стрелачки вод за да ги „признае“ своите грешки кога му се заканиле дека инаку ќе го убијат неговиот екипаж.

За Севернокорејците, бродот бил вистинско богатство за шпиунажа благодарение на технологијата што ја поседувал и на прирачниците за употреба. Интересно е што екипажот на бродот кога било јасно дека се освоени се обиделе да уништат голем дел од опремата, но експертите сметаат дека сепак голем дел паднал во рацете на Северна Кореја, поточно на припадниците на КГБ во СССР.

Тогашниот американски претседател Линдон Џонсон се соочил со сериозни барања да се одмаздат на Северна Кореја. Постоеле дури и борбени планови што вклучувале и нуклеарни напади. За среќа, Џонсон бил воздржан и сакал по дипломатски пат и со тајни повици да го реши спорот.

Екипажот на бродот бил ослободен пред Божиќ, а САД се извиниле на Северна Кореја и потпишале документ со кој ветуваат дека нема да се повтори нешто такво. Сепак, штетата била направена – Северна Кореја ги понижила САД и ја постигнала целта.

Денес трофејот од Студената војна стои закотвен во реката Потонг како дел од воениот музеј во Пјонгјанг.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе