По 10-ти пат во саботата се одржа Рудар рок фест во Пробиштип, во чест на Денот на македонските рудари.
Како загревање за фестивалот настапија локалните тинејџ надежи „Blackened“ кои на многубројната публика ѝ најавија дека македонската рок сцена има иднина.
Фестивалот потоа го отворија гостите од Кавадарци, кавер бендот „Brokedown Band“, кој откако отсвири повеќе рок хитови настапот го заврши две свои нумери.
Следни на сцената се појавија гостите од Скопје, бендот „Ширшаја“. Името на овој бенд е од црковно-словенскиот јазик и значи „поширока од небото“.
Трети на пробиштипската сцена се претставија гостите од Смедерево, Србија, бендот „The Big Deal“ кој со енергичиот настап ја размрда публиката која ја сочинуваа не само пробиштипјани, туки и светиниколци, кочанчани, штипјани, скопјани, велешани...
Потоа свој настап имаа и вторите гости од соседна Србија, „Cardinal Point“ од Врање, кои ѝ се добро познати на македонската публика.
Вечерта ја затвори кичевскиот бенд „Inner Hate“ со својот мелодик/дед метал.
Рудар рок фест го очекуваме и наредната 2025 година во истиов овој период.