Чек дис аут

Како системот за автоматско кочење на Volvo спаси детски живот?

14. ноември 2017 - 17:42 | А.С.

Современите електронски системи им помагаат на возачите во теорија и на симулираните тест-возења, но најдобра потврда за нивната вредност се ситуации од вистинскиот живот.

Една таква ситуација беше фатена на видео што стана вирално: шлепер во движење во последна секунда закочува пред невнимателно дете што истрчува среде пат. Детето имаше среќа и помина неповредено, благодарение на брзата реакција на возачот, но и на системот за автоматско кочење на Volvo за во случај на опасност, што во голема мера е заслужен што за влакно беше одбегната трагедија.

Како и многу други светски производители на моторни возила, Volvo разви технологија што им помага на возачите при кочење во ситуација кога компјутерот ќе процени дека постои опасност од судар со возило, или во овој случај, удар во пешак.

Системот најпрво му сигнализира на возачот да реагира брзо за да го одбегне сударот, а ако неговата реакција (кочење) не е доволно брза за да се спречи незгода, возилото автоматски кочи.

Системот што Volvo го вгради во своите возила се состои од камери, радари, контролни единици и систем кочници, а како функционира може да видите во следните видеа:

Коментирај