ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Како слепо момче го „виде“ голот на Меси?

Дванаесетгодишниот Себастијан Филорамо од Венецуела со мала помош од татка си успеа да ги следи подвизите на својот омилен фудбалер Лионел Меси на Светското првенство и покрај тоа што нема сетило за вид.

Трогателното видео стана вирално и одушеви многумина.

Себастијан го изгубил видот кога имал само седум месеци, но тоа не го спречило да стане огромен фан на Меси и го следи секој натпревар на кој игра аргентинската суперѕвезда.

Во тоа успева со помош на татко му Мануел, кој му помага да ја опише акцијата на теренот со движење на рацете на момчето на фудбалската табла „на допир“. Станува збор за табла со релјефни испакнатини кои го потсетуваат момчето на фудбалско игралиште, па тој со помош на друго лице може да разбере каде е топката и кој играч ја има.

На овој начин Себастијан ја следеше играта на Аргентина и голот на Меси во нивната победа против Мексико, а на интернет се појави снимка од момент кога момчето се радуваше на голот, за која многумина признаа дека им ги „стопи“ срцата.

URL

„Тој гол веќе не ме ни боли“, напиша еден фудбалски фан од Мексико.

Многумина го пофалија и таткото на Себастијан што му помогнал на својот син да го доживее овој прекрасен момент на среќа и му ја доделиле титулата „најдобар татко на светот“.

Инаку, Меси со овој гол ја врати Аргентина на вистинскиот пат по шокантниот пораз од Саудиска Арабија, по што следеше победа на оваа репрезентација против Полска.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе