Како со помош на куркума до стопени масти и забрзан метаболизам?

Куркумата е способна да го опорави целиот организам, а освен за зајакнување на имунитетот се користи и за слабеење.

The referenced media source is missing and needs to be re-embedded.

Како куркумата е поврзана со губење на тежината?

Со зголемено количество на масно ткиво во телото се создаваат воспалителни процеси. Силното и зголемено воспаление може да ја промени отпорноста на ткивата на инсулин, што го поттикнува телото да складира сѐ повеќе и повеќе калории во форма на маснотии.

Главната активна состојка во куркумата е куркуминот, кој делува на 2 начина:

- има термогенетски ефекти и природно ја зголемува внатрешната телесна температура. Ова го забрзува процесот на разградување на хранливите материи, особено мастите.

- Куркуминот во куркумата исто така го забрзува метаболизмот, а со тоа и варењето и брзината со која телото троши калории.

Куркуминот стимулира детоксикација на црниот дроб

Освен куркуминот, синергијата на сите состојки кои ги содржи куркумата влијае и на чистењето на целото тело, а пред сѐ на црниот дроб. За што е можно полесно да ослабеме, важно е нашиот црн дроб да биде исчистен бидејќи игра голема улога во согорувањето на мастите. Ако црниот дроб е преоптоварен, тогаш неговата работа се забавува, а со тоа забавува и согорувањето на мастите и губењето на тежината.

Како да користите куркума

Употребата на куркума е најлесна ако ја користите како зачин. Посебно се препорачува во комбинација со ориз, лиснат зеленчук и мешунки. Покрај тоа, куркумата најдобро се користи со црвено или бело месо.

Чај од куркума за побрз метаболизам

Доколку сакате да го забрзате метаболизмот и да го подобрите варењето и да го забрзате слабеењето, тоа можете да го постигнете ако пиете чај од куркума најмалку 5 дена. Подготовката на овој пијалак е многу едноставна.

Сѐ што ви треба се ¾ лажички куркума, 2 лажици домашен мед и 3 чаши вода.

Растопете ја куркумата во вода и варете ја додека количината на вода не се намали на 2 чаши. Потоа се цеди, се додава медот, по желба малку млеко и напитокот е готов.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Здравје

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Read more
 

Магазин

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе

Венеција почнува да наплаќа за влез – казни за оние кои ќе се прават „наудрени“

Читај повеќе