Како SOFIA откри вода на Месечината?

Најголемата светска летачка опсерваторија откри вода заробена на површината на Месечината. За првпат е потврдено постоењето на вода на посветлата страна на Месечината, што покажува дека се простира на целата површина, а не само на студените, карпести подрачја во областа на половите.

SOFIA (Stratospheric Observatory for Infrared Astronomy) на НАСА се темели на широкотрупниот авион Boeing 747 SP, модифициран за да може во задниот дел на трупот да го носи 2,5 метри широкиот рефлекторски телескоп.

Овој телескоп е направен за инфрацрвени набљудувања на висина од околу 12 км во текот на летот на авионот во стратосферата. Авионот може да патува над која било точка на Земјината површина, така што набљудувањата може да се спроведат од јужната и од северната полутопка.

SOFIA ги детектирала молекулите на вода во кратерот Клавиус, втор по големина на посветлата страна на Месечината. Досегашните набљудувања на површината на Месечината открија вид на водород, но не можеа да препознаат дали станува збор за вода (H2O) или за хидроксил (OH).

Податоците од оваа локација укажуваат на концентрации на водени молекули во делот од 100 до 412 на милион што е околу 0,35 литри вода на еден метар кубик месечева површина, како што може да видите во ова видео.

Remote video URL

Само за споредба, во Сахара може да се најдат 100 пати поголеми концентрации, но засега не постои технологија која би овозможила од површината на месечината да се извлече вода за потребите на астронаутите  и идните колонии, па и за решавање на проблемите за собирање вода за пиење, треба да се проучуваат ладните замрзнати базени во карпестите подрачја на Месечината.

Од научен аспект, ова откритие отвори нови прашања за тоа од каде таа вода стигнала на Месечината и како опстанала во толку непријателско опкружување.

Тагови
реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе