Здравје

Како солта влијае на мозокот?

16. април 2018 - 11:21 | М.Д.

Одредена група на неврони ја поттикнува нашата желба за натриум, поради што е многу тешко да се одолее на чипсот и другата солена храна, тврдат научниците од Медицински центар во Бостон.

Тој вид на неврони се наоѓа во пределот кој има важна улога за кардиоваскуларниот систем.

Научниците истакнуваат дека таа субпопулација на клетки регистрира недостаток на сол, односно на натриум и отвора апетит и желба за солена храна.

Меѓутоа, се јавува и реакција на мозокот, кој во тие моменти мисли дека му е потребно повеќе натриум од она што навистина му треба.

Тоа може да доведе до консумација на премногу или пак премалку сол, што со текот на времето предизвикува стрес во кардиоваскуларниот систем.

Проблемот со внесување на сол, е во тоа што храната која изобилува со натриум двојно го зголемува ризикот од проблеми со срцето.

Земањето на помалку од пет грама сол дневно помага при намалување на крвниот притисок и намалување на ризиците од кардиоваскуларни болести, мозочен и срцев удар.

Луѓето не можат без сол, бидејќи таа помага во регулација на вода, крвен притисок и функциите на клетките.

Солта се губи со лачење и други метаболитички процеси, а хормоните се отпуштаат како одговор на недостаток на сол.

Сепак, се уште не е познато на кој начин солта прави мозокот да создава чувство за потреба од внесување на сол во организмот.

Коментирај