Како солзавецот стана „омилено оружје“ на американските полицајци?
Средството за разбивање протести познато како „солзавец“ било употребено во 100 градови низ САД од крајот на мај наваму, откако почнаа немирите и протестите против расизмот и полициската бруталност, поттикнати од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Иако солзавецот е забранет за употреба како воено средство, продолжува да се користи од страна на полицијата ширум светот.
Центарот за контрола и превенција на болести во САД (CDC) го дефинира солзавецот како „хемиско соединение кое привремено го онеспособува лицето да функционира, предизвикувајќи иритација на очите, устата, грлото, белите дробови и кожата“.
Како солзавецот стана омилено оружје на американските полицајци? BBC го анализира ова прашање.