Како српските медиуми ја пренесоа оставката на Заев?

Главна вест во сите денешни срски медиуми се резултатите од локалните избори, а најмногу оставката на премиерот Зоран Заев, со тоа и на владата, јави дописникот на МИА од Белград.

Синоќа, медиумите детално со резултати ја пренесоа веста за победата на локалните избори на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и освојувањето на власта во главниот град Скопје, за да потоа денеска акцент се стави на веста за оставката на Заев на премиерската функција.

Заев поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ бара вонредни избори, јавија РТС и Политика, „Предизвика земјотрес на Западен Балкан: Која е Данела Арсовска? Ја преживеа „бугарската афера“, а потоа го победи Заев. Вести онлајн, „Избори во Северна Македонија: Зоран Заев поднесе оставка, Арсовска прва жена градоначалник на Скопје по 30 години“ објави Вечерни новости, „Заев повеќе не е премиер на Македонија: Од политиката воопшто не е тешко да се отиде“ пишува Правда, се сличните наслови во речиси сите медиуми.

Ал Џезира под насловот „Поразот на Заев е воедно и пораз за ЕУ“ го цитира скопскиот аналитичар Суад Мисини, кој кажа дека „победата на локалните избори на ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија можеби нема да даде ветер во крилата на десницата, но секако ќе го поттикне антиевропското расположение не само во земјата, туку и во целиот Западен Балкан.

ТВ Н1 имаше специјална емисија за настаните во земјава во која професорот на Факултетот за политички науки Чедомир Чупиќ изјави дека „оставката на Заев е одлука која е апсолутно невообичаена за Балканот“ и додаде дека „е добра за демократија, слобода и политички живот во Македонија“.

– Добар потег е, имате свест, но и совест, го изгубивте Скопје, не го направивте тоа што го очекуваа граѓаните, најдобар начин е да се повлечете, што не значи дека тоа е трајно повлекување, им покажавте на граѓаните дека сте одговорни, кажа Чупиќ.

Вестите се пренесуваат од час на час, така што последните информации се однесуваат на состаноците и потезите на Заев околу прашањето на идното премиерско место и идната влада, што се предвидува во Уставот, и каде оди понатаму земјава.

Политика: Заев не доаѓа во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за Отворен Балкан

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата Отворен Балкан, пишува денеска белградска Политика.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува Политика изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата Отворен Балкан.

По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Почна сезоната на Близнаци: 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени

Read more

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Регион

Падна таван во гимназија во Србија

Read more

Македонски државјанин лажно се претставувал како лекар во Хрватска

Read more

Земјотрес од 6,1 степени ја погоди Грција

Read more

Судот донесе нова пресуда против родителите на Коста K.

Read more
 

Вести

Падна таван во гимназија во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се урна врз куќи: Цела населба е евакуирана во Сан Диего

Читај повеќе

Путин: Руските сили го решаваат прашањето за создавање на безбедносна тампон зона на границата со Украина

Читај повеќе

Кинотеката петти пат дел од европскиот проект Сезона на филмските класици

Читај повеќе

Голем чекор за законот за животна средина: Уништувањето на животната средина може да биде и кривично дело

Читај повеќе

Лавров: Нема да се согласиме на безусловно примирје со Украина

Читај повеќе

Истрагата за пожарот во Кочани е при крај, обвинение следниот месец

Читај повеќе

Закерберг го престигна Безос, сега е втор најбогат човек во светот

Читај повеќе

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Читај повеќе