Како температурите влијаат врз ширењето на коронавирусот?

Иако досегашните податоци за поврзаноста меѓу топлото време и ширењето на коронавирусот варираа, најново грчко истражување покажа дека вирусот помалку се шири во земјите со високи температури.

Студијата ја спроведе Клиниката за белодробни заболувања во Тесалија, во соработка со Центарот за интердисциплинарни истражувања на Националниот технички универзитет во Атина и Одделението за деловна администрација при Универзитетот во Патрас.

„Утврдивме јасно влијание на температурите врз брзината со која се шири болеста, бидејќи земјите со пониски температури и особено оние со просечна температура од 0 до 18°C имаат побрза појава на нови случаи на COVID-19 дневно и поголем вкупен број на потврдени заразени во споредба со земјите со повисоки просечни температури на воздухот“, вели професор Константинос Јургулијанис од Клиниката за белодробни заболувања во Тесалија.

„Според нашите анализи, се чини дека влијанието на температурите не зависи од времето на избивање на епидемијата и густината на населението“, вели тој и додава дека секако, конечниот број на случаи зависи многу од мерките преземени за спречување на ширењето на вирусот, како и од системот за евиденција во земјата.

Многу студии, наведува професорот, укажуваат дека ладното време помага вирусот да преживее и да се шири.

„Главни фактори кои ја поткрепуваат теоријата за влијанието на годишните времиња во ширењето на вирусните епидемии се зголемувањето на преносливоста на вирусот, ранливоста на човечкото тело и стабилноста на вирусните честички во околината во зимските месеци“, вели Јургулијанис.

Претходните студии укажуваа дека на повисоки температури се намалува периодот на преживување на коронавирусуте кои ги предизвикаа епидемиите на MERS и SARS-CoV.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе