Компанијата „Tesla“ најави дека ја проширува својата Supercharger мрежа на станици за брзо полнење на електрични автомобили во густо населени места. Проширувањето ќе започне од Бостон и Чикаго.
„Tesla“ реши да оди со различен пристап со цел да се реши проблемот со полнењето на електричните автомобили. Наместо да ги зголемуваат капацитетите на моторите на автомобилите, тие ќе направат станиците за полнење да им бидат подостапни на потрошувачите.
Во блогот на „Tesla“ пишуваше:
Supercharger станици ќе бидат поставени во урбаните делови од градовите, и тоа на достапни места како што се супермаркети, трговски центри и споредни улици, така што возачите ќе можат да ги полнат своите електрични автомобили додека одат да пазаруваат или шетаат низ центарот на градот. Станиците имаат нов дизајн кој им овозможува да бидат покомпактни и полесни за инсталирање во густо населени места. Со овие станици повеќето возачи ќе можат да ги наполнат своите автомобили за 40-50 минути.
Најголемиот проблем во користењето на електрични автомобили е тоа што станиците за полнење се наоѓаат на бензинските станици, а тие се најчесто надвор од центарот на градот. Иако тие се познати како „градски автомобили“, сепак градовите најчесто немаат обезбедно доволно добри услови за нивните граѓани да возат електрични автомобили. Луѓето кои живеат во градовите, а особено во самиот центар на градовите, немаат дворови во кои можат самите да си инсталираат систем за полнење на автомобилот. А зградите прават целиот процес на полнење на автомобилот да биде недостапен поради оддалеченоста од станицата за полнење.
„Tesla“ е на добар пат да го имплементира овој систем и надвор од САД, но засега првите две тест-локации се Бостон и Чикаго.