Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?
Сите сме ја слушнале „пресметката“ дека една човечка година живот е како седум кучешки. Но, математиката не е така едноставна.
Кучињата стареат поинаку од нас луѓето поради нивниот пократок животен век. Кога нашиот крзнен пријател има 1 година, го сметаме за целосно возрасен, додека луѓето не се целосно пораснати додека не стигнат до доцните тинејџерски години. Зошто тоа се случува? И како точно се пресметува возраста на кучињата?