Како Трамп беше пречекан во Виетнам?

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Ханој имаше средба со неговиот виетнамски колега Нгујен Фу Тронг, само неколку часа пред да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп и Тронг, кој е и генерален секретар на владејачката Комунистичка партија во Виетнам, се сретнаа во претседателската палата од колонијалниот период.

Двајцата лидери присуствуваа и на церемонија на потпишување неколку комерцијални трговски договори помеѓу авиоиндустриите на двете земји.

Во главниот град на Виетнам денеска почнува дводневниот самит на американскиот претседател и севернокорејскиот лидер на кој, спорeд најавите, главна тема ќе биде денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.

Белата куќа соопшти дека Трамп и Ким денеска ќе имаат состанок „еден на еден“, што ќе трае 20 минути, додека сите други состаноци ќе траат околу два часа.

Според распоредот, 20-минутниот состанок ќе биде одржан во хотелот „Метропол“ во 18.30 по локално време (12.30 часот по средноевропско време), по што ќе следува вечера која ќе трае час и половина.

На улиците на Ханој мала група граѓани го поздравија доаѓањето на Трамп во земјата што има комплицирана историја со САД.

Тие носеа транспаренти со пријателски пораки за добредојде, а самиот Трамп во минатото има мешани изјави во врска со Виетнам.

Претседателот на САД не бил регрутиран во војската и не учествувал во војната во Виетнам бидејќи тогаш уште студирал, а потоа имал медицинска белешка со која „се спасил“ од служење војска.

Тој има изјавено дека Виетнам е прекрасна земја, но исто така има речено дека врските се „како да си во Виетнам“:

„Одењето на љубовни состаноци е како да си во Виетнам. Тоа е еквивалентот на тоа да си војник во Виетнам. Вистинска војна.“

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе