Како треба да ги чувате овошјето и зеленчукот за да траат подолго?
На сите ни се случува да купиме поголема количина овошје и зеленчук и да не ги искористиме во планираното време. Понекогаш ќе „начекаме“ добри и евтини свежи производи, па сакаме да купиме поголема количина.
Ако ги спакувате и чувате правилно може да го продолжите нивниот „рок на траење“. Дали сте знаеле дека не треба да ги чувате компирите и кромидот заедно? Или дека краставиците не треба да стојат во фрижидер?
Погледнете ги овие совети и научете како подобро да ја зачувате и користите вашата свежа храна.