Како треба да изгледаат ликовите од „Хари Потер“ според описите во книгите?
Кога се споредуваат книгите и нивните филмски адаптации, книгите речиси секогаш се покажуваат како подобри. Една од причините е што филмот не секогаш успева да ја пренесе истата слика како книга во која емоциите се споени со визуелното. Кога читаме, можеме да формираме сосема поинаква слика за место или лик и да имаме сосема друго општо чувство за приказната.
Кога се создава филмска адаптација, актерската екипа обично се избира според карактеристиките опишани во книгата. Сепак, изгледот не е секогаш толку прецизен. Имајќи го тоа на ум, сликарка од Виетман, на нејзините следбеници позната како MsBananaAnna, одлучи да користи вештачка интелигенција за да види како ќе изгледаат ликовите на Хари Потер врз основа на описите на книгите.