Како треба да се однесуваат невакцинираните кога ќе се укине мерката за носење маски?

Бидејќи имунитет на стадо сè уште не е стекнат, невакцинираните лица сепак треба да носат маски за да се заштитат.

Експертите велат дека луѓето кои не се вакцинирани треба да продолжат да носат маски и по укинувањето на мерката за задлжително носење маски. Тие исто така треба да продолжат да одржуваат растојание на собири во затворени простории.

Оние кои не се вакцинирани можат полесно да се заразат со коронавирусот и полесно да го шират. Затоа треба да продолжат да бидат претпазливи.

Во САД веќе почнаа со укинување на задолжителната мерка за носење маски за вакцинираните со две дози, но тоа не значи дека сите треба да ги фрлат маските. Оние кои не се вакцинирани, сè уште треба да ги носат, особено децата бидејќи вакцините сè уште не се одобрени за лица на возраст под 12 години.

„Ако ризикот продолжи да постои, како што постои сега, луѓето кои не се вакцинирани, сè уште треба да носат маски на сите места каде што потенцијално би можеле да се заразат“, рече др. Мајкл Минт, специјалист за инфективни болести.

Најголемите ризици сè уште се во малите затворени простори каде што има собрани луѓе. Особено треба да се внимава кога ќе се соберат луѓе од неколку различни домаќинства. Минт исто така истакнува дека ризикот од инфекција кај оние кои не се вакцинирани постои сè додека коронавирусот циркулира во популацијата. Вирусот ќе престане да циркулира само кога доволно луѓе се вакцинираат и кога доволно од нив ќе развијат антитела, пишува Healthline.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Здравје

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more
 

Магазин

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе