Режисерот и екипата која стои позади филмскиот хит „It“ денеска објави дека за време на снимањето тие создале алтернативна верзија на првата сцена, наменета за оние кои се преплашени да го гледаат филмот.
Во оригиналната сцена малиот Џорџи (Џексон Роберт Скот) трча по поплавената улица, бркајќи го хартиениот брод кој тогаш паѓа во темната шахта. Од шахтата се појавува ликот на кловнот Пенивајз (Бил Скарсгард), кој по краток разговор го вовлекува Џорџи во темнината на шахтата.
Но, во алтернативната сцена работите се одвиваат малку поразлично. Погледнете ја сцената во видеото подолу.
Според студиото кое стои зад филмот, сцената била снимена како шега и никогаш не требало да биде монтирана правилно, ниту пак да излезе во јавност. Но, премногу му се допаднала на режисерот Енди Мускиети и тој решил да го замоли студиото да ја објави на DVD-то од филмот.