Како успешно да одржите пријателство на далечина?

Во последната деценија од нашата земја се отселија огромен број луѓе – млади, стари, студенти, работници, па и цели семејства.

Можеби вие сте еден од оние кои го испратиле другарот во далечна земја, а можеби и самите сте се отселиле од родната земја. Каков и да е случајот, мора да одржувате здрава и редовна комуникација со пријателите, иако тие се далеку. Но, како да го направите тоа?

На пријателството му е потребна постојана нега и внимание, посебно кога треба да го одржувате на долги дистанци.

Однапред договорете ја комуникацијата

Истражување спроведено во 2008 година вели дека пријателствата на далечина делат исти карактеристики како реципроцитетот, односно дека едната страна споделува, комуницира и посветува внимание исто колку и другата страна. Поради временските зони, обврските и далечината, двете страни мора однапред да договорат време кое им одговара за да воспостават комуникација. Еднаш, двапати или петпати неделно, без разлика. Секогаш е добро да се слушнат пријателите.

Повеќе не е секогаш подобро

Иако понекогаш е добро да направите групен видеоповик со вашиот пријател во странство, тоа не е секогаш идеална идеја. Разговарајте со вашиот пријател или пријателка дали сакаат да разговаарат со вас во присуство на други луѓе или пак преферираат да ве слушнат само вас, насамо.

Емпатија

Ќе ви биде потребна голема доза на емпатија за да разберете како му е на пријателот од другата страна, без разлика кој од вас е во родната земја, а кој во некоја далечна, странска земја. Наместо да го преплавите со информации за случувањата во родниот крај, обидете се да разберете дека нему веројатно му недостасува тој дел од неговиот живот, па затоа бидете повнимателни во разговорот.

Памтете ги важните датуми

Годишнини, родендени, имендени и домашни слави, па дури и обично датуми кои имаат некакво значење во животот на пријателите – обидете се да ги запомнете сите нив за да одржите здрава и долга врска на далечина.

Не се потпирајте само на технологијата

Апликациите како Facebook Messenger, Viber, Skype и WhatsApp навистина го олеснија процесот на комуникација со оддалечените пријатели и познаници, но не го ограничувајте вашето пријателство само на гледање преку екрани. Понекогаш, кога и да е тоа можно, направете напор да се видите со пријателите лично, лице в лице. Тоа ќе им значи повеќе отколку порака на Viber.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе