Како вашите омилени сосови ви го саботираат процесот на слабеење?

Сите сакаме да додаваме мајонез, кечап или некој друг сос во нашите оброци. Сепак, еден експерт откри дека тие можат да направат хаос во вашата исхрана и да додадат непотребни калории.

Нутриционистот и диететичар Ро Хантрис верува дека сосовите можат сериозно да влијаат на процесот на слабеење кај луѓето. Најчесто, многумина од нас не ги бројат дополнителните калории кои често доаѓаат од сосовите.

„Кога луѓето се обидуваат да изгубат тежина, тие често ги земаат предвид нутритивните компоненти на оброкот, без да ги земат предвид дополнителните сосови и макала. Некои сосови може да бидат богати со масти или шеќер, што на крајот значи дека ќе имате повеќе калории, а тоа може биде огромна пречка за успешно слабеење“, вели тој.

Разбирањето како да направите здрави замени може да помогне да се олесни слабеењето додека вашите оброци се вкусни и пријатни.

Десетте сосови што можат да ви ја уништат исхраната и бројот на калории по лажица се:

  • мајонез (94 калории)
  • прелив за цезар салата (85 калории)
  • ранч сос (73 калории)
  • тартар сос (63 калории)
  • крем за салата (50 калории)
  • салса (36 калории)
  • BBQ сос (29 калории)
  • сос од сирење (28 калории)
  • кечап (19 калории)
  • сладок чили сос (15 калории)

НХС наведува дека малите едноставни промени во тоа што и колку јадете може да ви помогнат да изгубите тежина. Тие советуваат кога станува збор за намази и сосови, да изберете опции со малку маснотии и да ги консумирате во мали количини.

На пример, можете да се одлучите за лесен мајонез, кој содржи само 15 калории по порција. Стручното упатство вели и дека треба да ја намалите големината кога јадете храна.

„Обидете се да користите помали чинии и за да ја намалите големината на порциите за време на оброците“, советуваат експертите.

Исто така, треба да внимавате на вашите порции, а за време на семејните оброци не заборавајте да кажете „не“ на репете и погрижете се сами да си готвите вечера, на тој начин можете да ја контролирате количината што ја јадете.

За да се избегне претерано уживање, експертите кои стојат зад програмата за слабеење на НХС велат дека треба да избегнувате и одвлекување на вниманието при јадење - па исклучувањето на телевизорот е клучно.

„Ако не се фокусирате на вашата храна, може лесно да се случи да се јаде премногу или пребрзо“, велат тие.

Згора на тоа, упатствата велат дека треба да ги измерите состојките и да бидете сигурни дека со вашиот оброк имате најмалку две порции зеленчук.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Здравје

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Објавена листа на земји со највисоки стапки на дијабетес, каде се рангира Македонија?

Read more

Како доаѓа до предозирање со алкохол и какви последици по здравјето може да остави?

Read more

Кога да се посомневате во проблеми со тироидната жлезда?

Read more
 

Магазин

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Читај повеќе

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Читај повеќе

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Читај повеќе

Докопан во сос од бело вино и сенф

Читај повеќе

Правна држава е ова

Читај повеќе

Мечка влегла во пекара, ги исплашила вработените и изела 60 колачи

Читај повеќе

Шненокле - едноставен десерт со 5 состојки што ги имате дома

Читај повеќе

Соборен интересен рекорд: Flight Radar објави колку авиони имало на небото во еден ден

Читај повеќе
  • play_arrow

Некој меѓу нас не е наш...

Читај повеќе