Како виното, чајот и бобинките можат да ви помогнат да го намалите ризикот од деменција

Една нова студија открива дека јадењето шест дополнителни порции храна богата со флавоноиди дневно може да го намали ризикот од деменција за 28%, особено кај оние со висок крвен притисок, депресија и висок генетски ризик.

Најголемо намалување на ризикот е забележано кај луѓето кои консумирале најмалку две од следниве на ден: пет шолји чај, една чаша црвено вино и половина порција бобинки.

Флавоноидите се природни супстанции кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот и другите растенија. Докажано е дека тие го намалуваат воспалението во мозокот, го подобруваат протокот на крв во мозокот и го промовираат растот на корисните бактерии во цревата.

Новата студија, објавена во средата во JAMA Network Open, опфати речиси 122.000 жители на Обединетото Кралство на возраст меѓу 40 и 70 години. Тимот беше предводен од истражувачи од Универзитетот „Квинс“ во Белфаст.

Од учесниците било побарано да пријават што јаделе, а истражувачите доделиле оценка врз основа на внесувањето на црн или зелен чај, црвено вино, јаболка, бобинки, грозје, портокали, грејпфрут, слатки пиперки, кромид и темно чоколадо.

Повеќето од учесниците консумирале четири до пет дневни порции храна богата со флавоноиди, а најпопуларен бил чајот. Волонтерите биле следени приближно девет години, за кое време биле евидентирани 882 случаја на деменција.

Оние со највисоки резултати имале помал ризик од деменција во споредба со оние со најниски резултати.

Проучувајќи неколку видови флавоноиди, истражувачите открија дека антоцијанот, флаван-3-ол и флавонот имаат најсилни асоцијации со ризикот од деменција. Чајот, црвеното вино и бобинки се одлични извори на овие флавоноиди.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Здравје

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Read more

Намирници што имаат штетен ефект врз менопаузата

Read more

Дали навистина солената вода помага при болки во грлото?

Read more
 

Магазин

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Читај повеќе

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Читај повеќе

Ново истражување: Секојдневното користење омега-3 може да го забави стареењето

Читај повеќе

Начини како да ја зголемите енергијата пред тренинг

Читај повеќе

Можат да предизвикаат алергиски реакции: Како да се ослободите од прашинските грини во спалната соба?

Читај повеќе

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата реклама на Марадона

Читај повеќе
  • play_arrow

Бинго торта од 3 вида бисквити со сок од портокал

Читај повеќе

Кои земји во Европа ги посетуваат најмалку туристи: Топ 10 листа

Читај повеќе