Како високиот крвен притисок влијае на срцето?

Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, може да го оштети човечкото тело незабележано со години пред да се појават првите симптоми.

Без третман, високиот крвен притисок може да предизвика сериозни проблеми, па дури и да доведе до фатален срцев или мозочен удар.

Вредноста на крвниот притисок се изразува во милиметри жива (mmHg), каде што нормалната вредност на крвниот притисок е 120/80 mmHg. Хипертензија е кога крвниот притисок е повисок од 140/90 mmHg во мирување, подолго време.

Хипертензијата може негативно да влијае на правилната функција на мозокот, да предизвика оштетување на бубрезите, да ги оштети очите, да влијае на појавата на еректилна функција и да предизвика проблеми со срцето и крвните садови.

Крвен притисок и артериско оштетување

Здравите артерии се флексибилни, силни и еластични. Нивниот внатрешен ѕид е мазен, што овозможува непречен проток на крв што ги снабдува виталните органи и ткива со хранливи материи и кислород. Сепак, високиот крвен притисок може да го зголеми оптоварувањето на ѕидовите на артериите и да предизвика проблеми со нивната функција.

Оштетени и стеснети артерии

Високиот крвен притисок може да ги оштети клетките на внатрешниот ѕид на артериите. Кога мастите од храната влегуваат во крвотокот, тие може да се наталожат во оштетените артерии. Со текот на времето, ѕидовите на артериите стануваат стеснети и помалку еластични, што го ограничува протокот на крв низ телото.

Аневризма

Во текот на подолг временски период, зголемениот притисок на ѕидовите на артериите може да предизвика нивно слабеење и како резултат на тоа, може да дојде до локално проширување, кое се нарекува аневризма. Аневризмата може да пукне и да предизвика опасно по живот крварење во телото. Аневризмите може да се формираат во која било артерија, но најчести се во најголемата артерија на телото, аортата.

Крвен притисок и оштетување на срцето

Високиот крвен притисок може да предизвика разни срцеви заболувања, кои можат да бидат многу опасни.

Коронарна срцева болест

Високиот крвен притисок може да предизвика стеснување и оштетување на артериите кои го снабдуваат срцето со крв. Овој тип на артериско оштетување е познат како коронарна срцева болест. Намалениот проток на крв во срцето може да предизвика болка во градите (ангина), неправилен срцев ритам (аритмии) или дури и срцев удар.

Срцева слабост

Високиот крвен притисок предизвикува стрес на срцето, што со текот на времето може да предизвика слабеење или вкочанетост на срцевиот мускул, што предизвикува срцето да не работи како што треба. Тоа значи дека премореното срце постепено почнува да откажува.

Задебелување на ѕидот на левата комора

Високиот крвен притисок прави срцето да работи понапорно за да пумпа крв во остатокот од телото. Ова може да предизвика задебелување и проширување на левата комора. Зголемената и задебелена лева комора го зголемува ризикот од срцев удар и срцева слабост, како и ненадејна срцева смрт.

Метаболичен синдром

Високиот крвен притисок го зголемува ризикот од метаболички синдром, кој е група на здравствени состојби кои можат да доведат до срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Метаболичкиот синдром вклучува висок крвен притисок, висок шеќер во крвта, високо ниво на триглицериди (масти во крвта), ниски нивоа на HDL холестерол (т.н. „добар“ холестерол) и прекумерна количина на маснотии околу половината.

Како да го држите притисокот под контрола?

Во некои случаи, проблемите со висок крвен притисок ќе бараат соодветна терапија - задолжително по консултација со лекар, но треба да знаете дека животните навики можат многу да придонесат за одржување на крвниот притисок во рамките на посакуваните вредности.

  • Ослободете се од вишокот килограми и одржувајте здрава тежина.
  • Вежбајте редовно и трудете се да се движите колку што е можно повеќе секој ден.
  • Јадете балансирана исхрана богата со овошје, зеленчук и здрави масти.
  • Намалете го внесот на сол и избегнувајте конзумирање преработена храна.
  • Ограничете ја потрошувачката на алкохол.
  • Престанете да пушите.
  • Погрижете се да спиете доволно секоја вечер.
  • Научете како да ја намалите изложеноста на стрес и да го држите нивото на стрес под контрола.
  • Редовно контролирајте го нивото на холестерол и шеќер во крвта.
  • Редовно мерете го вашиот крвен притисок дома и запишете ги добиените вредности.

Она што треба да го знаете и секогаш да го имате на ум е дека во огромното мнозинство на случаи нема симптоми кои укажуваат на висок крвен притисок, што значи дека „првото предупредување“ во некои случаи може да биде фатално. Затоа е важно редовно да се проверуваат вредностите на крвниот притисок.

реклама

Го нарушуваат внатрешниот дизајн: Работи што луѓето прво ги забележуваат во преполниот дом

Read more
Слаби врнежи од снег на Стража, магла на Ѓавато и Плетвар

Слаби врнежи од снег на Стража, магла на Ѓавато и Плетвар

Read more
Samsung Galaxy Note 9 пристигнува наскоро, што ќе понуди?

Samsung Galaxy Note 9 пристигнува наскоро, што ќе понуди?

Read more
 САД почнаа ја повлекуваат војската од Сирија

САД почнаа ја повлекуваат војската од Сирија

Read more

Здравје

Зошто по јадење не треба да се туширате со топла вода?

Read more

Колку кафиња дневно може да бидат опасни по здравјето?

Read more

Што да јадете и пиете за да се „кренете“ за само 10 минути?

Read more

Зошто е добро да одите боси по трева или песочна плажа?

Read more
 

Магазин

Како ѝ оди на Австралијката која си зададе предизвик да спие со 600 мажи до 2025?

Читај повеќе

Мажите кои ги сакаат своите партнерки прават 3 работи секој ден, тврдат експерти

Читај повеќе

10 грешки поради кои имате проблем со спиењето

Читај повеќе

Кромидот останува свеж еден месец подолго ако се чува на правилно место

Читај повеќе

Зошто по јадење не треба да се туширате со топла вода?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Пилешки џигер во крем сос

Читај повеќе

Колку кафиња дневно може да бидат опасни по здравјето?

Читај повеќе

Топ 10 најдобри земји за пензионери

Читај повеќе

Што да јадете и пиете за да се „кренете“ за само 10 минути?

Читај повеќе