ЛИГА ЕВРОПА 2019/20

Како во маало, ја фати со рака за да не излезе во аут

Маалски потег во Лига Европа и тоа играјќи против Арсенал направи играч на Стандард.

Една долга топка од негов соиграч не беше баш прецизна, па Пол-Жозе М'Поку реши да не ја остави да оди во аут туку да ја зграпчи со раце и да му ја предаде на противникот.

Буквално како во маало! Вака сме играле сите, да не се трча по топката во аут ајде ќе ја фатиме со раце иако е на терен. И не изведувавме игра со рака туку аут, бидејќи нели топката одеше во аут ама ќе ја спасевме за да се поштедиме од додатно трчање и губење време.

Изгледа Конгоанецот заборави дека не игра низ улиците на Киншаса и дека во Европа има деца кои стојат крај аут линијата и ги враќаат топките. Инаку, типот дури и беше капитен на белгискиот тим синоќа. 

Интересно е што главниот судија, Швеѓанецот Андреас Екбериј, не му покажа жолт картон и покрај тоа што досуди игра со рака која очигледно беше намерна. Веројатно ја разбра идејата на М'Поку па реши да го помилува. И во Шведска во маало се игра вака.

Некои од коментарите на Twitter одат дотаму велејќи дека посакал да направи тачдаун како во американскиот фудбал.

Инаку, натпреварот заврши 2:2, а неговиот Стнадрад испушти водство од 2:0 бидејќи Арсенал постигна два гола во последните петнаесетина минути.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе