Како всушност се изговара името Caoimhín на голманот на Ливерпул?

Филип Здравески
/ 28.11.2024 / 20:32

Голманот на Ливерпул, кој во средата му одбрани пенал на Кулјан Мбапе, има име што цел всет, освен Ирците, мака мачи да му го изговори.

Многу поедноставно е да се вика по презимето Келехер, што е и вообичаена пракса кај сите фудбалери. Но, некогаш потребно е да се употреби и целосното име и презиме, а тука сите заглавуваат, од новинари и коментатори до обични симпатизери и фудбалски вљубеници.

Ниту на прв обид никој не може да најде начин како да го изговори ирското име Caoimhín, а камо ли пак да го напише на кирилица. Името е толку чудно, со три самогласки една до друга, па разни опции ни минуваат низ глава и ниту една не делува правилна.

Caoimhín е всушност ирската верзија на името Kevin (Кевин) и значи „личност со благороден и љубезен карактер“. Не делува така, но навистина е така. И тука сепак има скриена квака. Не цела Ирска го изговара ова име на ист начин. Многу е важно од кој дел на земјата е личноста чие име е Caoimhín, затоа што човек од главниот град Даблин и човек од Килкени носат исто име кое различно се изговара.

Келехер е од градот Корк, каде се зборува манстерскиот дијалект на ирскиот јазик. На манстерски ирски името Caoimhín се изговара Куивин. Толку едноставно. Во Даблин, на пример, е Куивен.

Таков е ирскиот јазик, ќе изнапишат букви, а на крај изговараат некои што ги нема. Бетер од англиски.

Среќа презимето Келехер е англизирана верзија на ирското презиме Ó Céileachair. Значи, Куивин Келехер всушност можел да биде Caoimhín Ó Céileachair...

26-годишниот Келехер е во Ливерпул уште од својата 17-годипшна возраст, а досега има 21 настап бидејќи всушност е втор голман. Моментално ја користи повредата на Алисон Бекер. Единица е на Ирска за која има собрано 20 настапи.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Фудбал

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Read more

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Read more

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more
 

Спорт

Уапсени 12 навивачи во Грција: Дилале дрога, ограбувале, палеле...

Читај повеќе

Еми Мартинес на Олд Трафорд?

Читај повеќе

Шокантна размена во НБА: Орландо ја донесе ѕвездата на Мемфис

Читај повеќе
  • play_arrow

Никола Јокиќ одмара во село со помалку од 100 жители

Читај повеќе

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе