Како Zelda ќе го врати Nintendo во живот?

Nintendo се потпира на новата верзија на својата 40-годишна игра Zelda за да го заживее својот бизнис по пријавениот пад на профитот.

Компанијата ќе ја објави The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom, новото издание на легендарната игра, а видеоклиповите кои кружат на интернет привлекоа милиони прегледи и ги возбудија обожавателите.

Првото издание беше во 1986 година

Сагата за принцезата Зелда и воинот Линк е продадена во 125 милиони примероци ширум светот од нејзиното прво објавување во 1986 година.

Таа помогна да се обликуваат игрите со „отворен свет“ во кои играчот слободно шета по виртуелните пејзажи - идеја што подоцна беше усвоена од многу други популарни игри.

Но, главниот предизвик оваа година ќе биде подобрување на бизнисот на јапонската компанија и продолжување на животниот век на нејзината конзола Switch, чија продажба е во голем пад по седум години на полиците.

The Legend of Zelda: Tears of the Kingdom ќе биде убедливо најголемиот придонесувач за приходите на Nintendo оваа година“, рече Серкан Тото, аналитичар во Kantan Games.

Пионер на отворениот свет

Првата епизода од The Legend of Zelda ги втурна играчите во непознат гејмерски универзум, без речиси никакви инструкции.

Креаторот на играта, Шигеру Мијамото, кој го создаде и другиот херој на Nintendo, Super Mario, беше инспириран од неговото детство во природа за да го дизајнира огромниот пејзаж од шуми, езера, пештери и планини за играчите.

„Во време кога повеќето игри завршуваа за час или два, опсегот на Zelda беше неверојатен“, рече Кијоши Тане, автор специјализиран за историја на видеоигри.

„Мапата е дизајнирана со акцент на истражувањето и е претходник на она што ќе станат игрите со отворен свет“, додаде тој.

Првата Zelda се појави на пазарот само неколку месеци по Super Mario, но двете игри беа многу различни.

Додека Марио трча од лево кон десно низ различни платформи, Зелда „го охрабрува играчот да го истражува, открива и мапира светот и да се соочи со предизвици“, рече Марк Браун, кој го анализира дизајнот на играта на неговиот канал на YouTube.

Играта стана инстантна сензација и ги помести границите на дизајнот на играта во следните две децении.

Библија за програмери

Така беше до пред петнаесетина години, кога малку и здосади. Nintendo сакаше да ја зголеми привлечноста на играта, но успеа само да создаде изданија кои не задоволуваа никого. Тврдокорните фанови се оддалечија, а продажбата настрада.

„Тимот за развој беше во криза“, рече Кацухико Хајаши од трговскиот магазин Famitsu за AFP.

Дизајнерите повторно ги разгледаа основите на играта, на крајот создавајќи го Breath of the Wild, изданието од 2017 година.

Лансираше заедно со конзолата Switch и оттогаш стана најпродаваното издание во серијата Zelda.

„Зелда сè уште е на врвот на топ листите во жанрот на акциони игри со отворен свет“, рече Хајаши.

Таа стана нешто како „библија“ за другите програмери, додаде тој.

Но, и покрај овој успех и трајната популарност на другите игри на Nintendo, како што е вечниот Super Mario, компанијата оваа недела објави страшна прогноза.

Годинава се очекува пад на нето добивката за 21 отсто во однос на лани. Ваквите предвидувања го прават новото издание на Zelda од витално значење за компанијата.

Чарлс-Луис Планаде, аналитичар во Midcap, верува дека Zelda може да стане „најпродаваната игра во историјата“.

„Тоа е игра која може да достигне 1 милијарда долари приход, што е многу значајно за компанија со годишен обрт од нешто повеќе од 10 милијарди долари“, изјави тој за AFP.

 

реклама

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Read more

Илон Маск го исмева Зеленски кој бара помош за одбрана од руската агресија

Read more

Како да го светнете стаклото на туш кабината?

Read more

Голем месечен хороскоп за октомври: Кој ќе доживее трансформација на годината?

Read more

Гејминг

Конечно: Пристигна Counter-Strike 2, реакциите измешани

Read more

Apple: iPhone 15 Pro ќе биде најдобрата гејминг конзола

Read more

Grand Theft Auto V слави десетгодишнина

Read more

Deep Earth Collection додатоците ја менуваат бојата на PS5, доаѓаат и контролори во нови нијанси

Read more
 

Гик

Microsoft издаде последно предупредување за Windows 7 и 8

Читај повеќе

5 апликации кои треба да ги избришете пред да ви ја „исчистат“ банкарската сметка

Читај повеќе

НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Читај повеќе
  • filter

Археолози во Турција открија нов древен јазик

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделена Нобеловата награда за медицина: Добитниците развија вакцина против ковид

Читај повеќе
  • play_arrow

Роверот Perseverance сними вител од прав на Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Јапонија произведе робот висок 4,5 метри, чини 3 милиони долари

Читај повеќе

Вино старо 5.000 години пронајдено во кралска гробница во Египет

Читај повеќе
  • play_arrow

Научно истражување откри која песна е најрелаксирачка

Читај повеќе