Како зелениот чај помага за намалување на шеќерот во крвта и за здрави црева?

Во една неодамна објавена студија, истражувачите од Државниот универзитет во Охајо открија дека пиењето зелен чај може да го подобри здравјето со намалување на шеќерот во крвта и подобрување на здравјето на цревата. Ова, се разбира, не е првпат научниците да ги пофалат придобивките од пиењето зелен чај.

Претходните истражувања го поврзуваат консумирањето зелен чај со подобрување на здравјето на срцето благодарение на флавоноидите присутни во него - антиоксиданси кои можат да го намалат „лошиот“ ЛДЛ-холестерол и да ја подобрат функцијата на крвните садови. Зелениот чај дури може да го подобри здравјето на мозокот, расположението, квалитетот на сонот и да го намали стресот. Сепак, една од најпознатите придобивки од зелениот чај е намалувањето на воспалението во телото.

Како зелениот чај влијае на шеќерот во крвта и здравјето на цревата?

Една неодамнешна студија објавена во Current Developments in Nutrition делуваше како продолжение на студијата од 2019 година која го поврзува консумирањето зелен чај со помал ризик од дебелина, помали здравствени ризици и подобрување на здравјето на цревата.

Во новата студија, истражувачите го разгледаа здравјето на цревата на 40 учесници (половина со метаболички синдром, половина пријавени како здрави) по консумирање зелен чај во текот на 28 дена. По 28 дена, учесниците земале плацебо, со цел да се утврдат разликите.

За време на месецот додека испитаниците пиеле зелен чај, истражувачите пријавиле пониски нивоа на шеќер во крвта за сите учесници, како и намалено воспаление на цревата во споредба со месецот во кој земале плацебо. Тие дошле до овој заклучок откако откриле намалување на проинфламаторните протеини во примероците од измет и намалување на односот на шеќер во урината.

Научниците се надеваат дека резултатите од оваа студија ќе помогнат да се намали појавата и ефектите од метаболичкиот синдром. Иако не е специфична болест, метаболичкиот синдром е група на состојби кои вклучуваат висок крвен притисок, висок холестерол и висок шеќер во крвта, а сето тоа го зголемува ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Заедно со намалениот шеќер во крвта и воспалението, чајот исто така помогна да се намалат проблемите со пропусливост на цревата, симптом на гастроинтестинално заболување кое испушта токсини во крвотокот и го зголемува воспалението во телото. Исто така, го зголемува ризикот од развој на хронични заболувања.

Колку зелен чај треба да пиете?

Значи, колку зелен чај треба да консумирате за да ги искористите овие придобивки? Учесниците во студијата консумирале екстракт еквивалентен на пет шолји зелен чај дневно. Таа количина може да се чини како премногу зелен чај во текот на еден ден, но за среќа, нема толку кофеин како кафето или црниот чај.

Незасладениот зелен чај е најдобрата опција бидејќи додадениот шеќер поттикнува воспаление во телото, што е спротивно од она што би сакале да го постигнете. Лесно се подготвува, а можете да го пиете топол или со мраз, во совршени комбинации за секој период од годината, како што пишува The Healthy.

Remote video URL
Тагови
реклама

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од февруари

Read more

Короната има нов симптом - заразените не се ни свесни дека е од вирусот

Read more

Поранешен бунтовник стана претседател на Колумбија, најави преговори со нарко-бандите

Read more

Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Read more

Здравје

Гинеколог ги советува паровите кои се мачат со неплодност

Read more

Зошто лицето ви е отечено наутро?

Read more

Чистење на црниот дроб: Еликсир од три состојки кој ги елиминира мастите и токсините

Read more

Кои луѓе никогаш не треба да пијат кафе?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Ослободете се од подбрадокот со неколку лесни вежби

Читај повеќе

Како да го средите домот за 30 минути?

Читај повеќе

Гинеколог ги советува паровите кои се мачат со неплодност

Читај повеќе

Кое е најдоброто време да им ставите вода на растенијата во лето?

Читај повеќе

Астро анализа: Дали нè очекува црн финансиски август?

Читај повеќе

Зошто лицето ви е отечено наутро?

Читај повеќе

Предупредувачки знаци дека сте во врска со партнер кој може да стане насилен

Читај повеќе

Што открива за вас датумот на кој сте родени?

Читај повеќе

Чистење на црниот дроб: Еликсир од три состојки кој ги елиминира мастите и токсините

Читај повеќе