Како земјите низ светот се справуваат со корона вирусот?

Корона вирусот Covid-19 сега е забележан на сите континенти и за првпат се шири побрзо надвор од Кина. Владите на повеќе земји во светот веќе презедоа мерки за заштита, пишува BBC.

Еве како досега реагираа одредени земји:

1. Јавен превоз

Системите на јавниот превоз создаваат совршено опкружување за пренесување на вируси. Се смета дека вирусите главно се шират од капки телесна течност паднати на заедничка површина откако некој кашла или кива.

Истражувања за сезонскиот грип покажале дека луѓето кои користат јавен превоз во текот на епидемија за 6 пати се под зголемен ризик од зараза.

Затоа властите од Јужна Кореја преку Иран до Италија наредија масовно чистење на возовите, автобусите и станиците. И во Македонија ЈСП веќе ги дезинфицира автобусите, а преземени се и други мерки по појавата на првиот заболен од корона вирус во земјата.

2. Јавни собири

Настаните кои привлекуваат многу луѓе како натпревари се места за можна зараза и на нив веќе влијае корона вирусот.

Појавата на вирусот доведе до одложување на трката за Големата награда во Формула 1 во Шангај.

Одложени се и шест натпревари на азиската Лига на шампиони во фудбал во кои требаше да настапат четири екипи од Иран.

Во Европа се одложени фудбалски натпревари во Италија. Во Македонија е одложен Струмичкиот карневал, како и Карневалот за прочка во Прилеп.

Освен спортски натпревари и карневали, вирусот влијае и на верски настани. Во Саудиска Арабија е забрането доаѓање на странски посетители во Мека и Медина.

3. Училишта

Сè почесто владите ги советуваат училиштата да направат планови за борба против корона вирусот. Во земји како што се Јапонија, Тајланд, Иран и Ирак училиштата и факултетите се привремено затворени.

Четири училишта во Англија откажаа настава поради детално чистење откако ученици се вратија од скијање во Италија.

На родителите кои неодамна со децата патувале во најзагрозените подрачја – Иран, Кина, Хонгконг, Јужна Кореја, југоисточна Азија и северна Италија, им се советува да останат дома.

Истата препорака важи и во Македонија, работодавачите да ги ослободат од обврски луѓето кои патувале во овие земји, односно се препорачува 14-дневен одмор.

4. Канцеларии

Корона вирусот влијае на бизнисот и во некои од најважните светски технолошки центри. Во Сан Диего и во Сан Франциско е прогласена вонредна состојба, а на вработените им се советува да не се ракуваат.

Од компанијата Facebook ја откажаа годишната конференција планирана за март, а голем број спонзори и инвеститори се повлекоа од една од најголемите светски конференции за сајбер безбедност во Сан Француско.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести издаде препораки во кои на работодавачите им се препорачува да поттикнат работа од дома, особено ако вработените имаат температура или проблеми со дишните патишта.

5. Општествена свест

Свеста за важноста на мерките како темелното миење раце е клучен дел од борбата против пренесување на вирусот, велат американските власти.

Според Светската здравствена организација дел од препораките за да се спречи ширењето се:

- редовно миење на рацете

- при кивање и кашлање да ги покриеме носот и устата со марамче или со лактот од раката

- да избегнуваме контакт со луѓе кои имаат симптоми на болести на дишните патишта и други препораки.

6. Болници

Бидејќи не постои лек или вакцина за Covid-19, лекарите се обидуваат да ги ублажат симптомите.

Советот е пациентите да бидат ставени во изолација, а вработените мора да носат заштитна облека.

7. Мерки на изолација

Во Велика Британија од луѓето кои патуваат од погодените подрачја се бара сами да се стават во карантин.

Вухан останува затворено подрачје, како и градовите кои се најмногу погодени во северна Италија.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе