Ако сте се запрашале како звучеле јазиците што ги зборувале Аристотел, Гај Јулиј Цезар, Рамзес II или мистериозните келтски свештеници друиди, тогаш оваа статија е за вас.

За време на дискусиите за древните цивилизации, често се поставува прашањето за јазикот и писмото што ги користеле нивните народи. А кога станува збор за древните јазици, речиси и да нема човек кој не се запрашал како тие некогаш звучеле. Комплицирано прашање, на кое одговор се обиделе да дадат многу филолози.
Ако само помислиме на изразите како „ангарија“, „бодинаница“, „коприна“ или „намашна“, кои мнозинството од населението во Македонија веќе не ги користи, а кои нашите прадедовци и прабаби ги користеле речиси секој ден - се поставува прашањето: како е можно да се навраќаме низ толку многу векови и самите почетоци на развојот на еден древен јазик?
Во случајот на класичните јазици како што се старогрчкиот, латинскиот и санскрит, постои непрекината традиција на употреба која обезбедува еден вид основа во споредба со многу други древни јазици, како што се хетитскиот или староегипетскиот, кои се целосно изгубени и потоа дешифрирани од современите научници.
Исто така, зачувани се одредени записи за древни писатели кои опишале како звучел нивниот мајчин јазик. Таа база на знаење потоа била надополнета со знаењето што го имаат научниците за модерната лингвистика и токму врз основа на тоа успеале да го реконструираат говорот на некои од тие древни и одамна заборавени јазици.
Во ова видео може да се слушнат 14 различни древни јазици, меѓу кои се и староегипетски, латински, старогрчки, како и јазиците што ги зборувале Викинзите, Ацтеките, Маите, Келтите и други.