Како звучи Кристен Стјуарт како принцезата Дијана: Двеминутен трејлер

Објавен е уште еден трејлер за филмот „Spencer“, инспириран од животот на принцезата Дијана. За нешто повеќе од две минути, за првпат е можно да се слушне гласот на Кристен Стјуарт, а многумина веќе шпекулираат дека оваа улога на младата актерка ќе ѝ донесе и номинација за Оскар.

Во трејлерот, можеме да видиме како Дијана се спротивставува на кралските традиции, но и како изгледал животот на принцезата во време кога нејзиниот брак со принцот Чарлс пропаѓал. Покрај тоа, прикажана е нејзината грижлива, мајчинска страна и посебниот однос со синовите Вилијам и Хари.

Сценариото за филмот го напиша Стивен Најт, додека режисер е Чилеанецот Пабло Лараин. Премиерата на филмот беше на CinemaCon, а потоа и на филмскиот фестивал во Торонто. Според Entertainment Weekly, во кино салите ќе пристигне во ноември годинава.

Remote video URL

Бројни филмски критичари веруваат дека овој ангажман на младата актерка ќе 1 донесе прва номинација за Златна статуетка, но има голем број од оние кои не се воодушевени од нејзината изведба. Филмот е оценет со 91% на Rotten Tomatoes, додека на IMDB има оценка од само 6,5 од можни 10.

Животот на принцезата Дијана е посебен извор на инспирација за филмските професионалци ширум светот. Документарци што се занимаваат со оваа тема разработена од различни агли се достапни на голем број стриминг-платформи, а серијата „The Crown“ на Netflix, која исто така се занимава со британското кралско семејство, доби посебна популарност во последниве години.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе