Меколи Калкин стана главна тема на социјалните мрежи по неговиот говор на церемонијата на Булеварот на славните во Лос Анџелес во саботата.
Актерот, кој како 8-годишно момче се прослави со улогата во божикните филмови „Home Alone“, во саботата доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а по тој повод одржа и говор, каде што особено се заблагодари на својата партнерка Бренда Сонг.
„Ти си апсолутно сè. Ти си мојот шампион. Ти не само што си најдобрата жена што некогаш сум ја запознал, ти си најдобрата личност што некогаш сум ја запознал. Ми даде цел. Ми даде семејство“, рече Калкин.
Сепак, иако многумина беа воодушевени од неговата посветеност и говор, неговиот глас привлече внимание и многумина беа изненадени како звучи актерот иако има 43 години.
Корисниците на X пишуваа за тоа како не го слушнале неговиот глас со години, а интересно е што некои забележале дека и Меколи Калкин звучи како неговиот 41-годишен брат Киран.
„Видов клип од Маколи Калкин како зборува за добивање на својата ѕвезда на Булеварот на славните и како никогаш да не сум го слушнал неговиот глас како возрасен. Како никогаш да не сум го слушнал да зборува надвор од филмовите во кои бe[e како дете. Тоа е лудо.“ „Не знаев дека тоа е вистинскиот глас на Меколи Калкин“, „Само сфатив дека не сум го слушнал овој човек да зборува од неговата 10-та година“, „Тој звучи исто како брат му Киран“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Потсетуваме, на церемонијата присуствуваше и актерката Кетрин О'Хара, која во култниот филм ја играше мајката на Кевин, Кејт. Емотивниот момент на гушкање многумина ги потсети на сцената од филмот кога Кејт конечно се враќа дома и го наоѓа Кевин.