Шефот на Bugatti, Мате Римац, објави видео на својот Instagram профил во кое се открива звукот на V16 моторот во прототипот Tourbillon.

Видеото покажува прототип покриен со камуфлажа, а е снимен на патека.
„Каков автомобил, каков автомобил! Мислам дека сè уште не сме свесни што направивме. Ова ќе биде историја. Честитки за тимот, да продолжиме, светот чека“, напиша Римац во видеото.
Исто така, во описот додаде; „И да, вака ќе звучи серискиот автомобил. Се надевам дека ќе го задржиме без софт лимитер“.
Како што е познато, 8,3-литарскиот V16 мотор на Tourbillon го разви Cosworth, „врти“ 9.000 вртежи во минута и развива 1.000 КС, а е поврзан со 3 електромотори кои „додаваат“ уште 800 КС, па хиперавтомобилот има вкупно 1.800 КС.