Основачот на Facebook, Марк Закерберг, иако „тежи“ неколку десетици милијарди долари, важи за човек кој не се сменил откако се збогатил. Еден факт што го потврдува тоа е и податокот дека вози VW Golf, пишува WSJ.
Првиот човек на најпопуларната социјална мрежа и еден од најбогатите луѓе во светот, вози црн Golf GTI со мануелен менувач за кој платил нешто повеќе од 30.000 долари иако со богатството што го поседува може да купи било кој автомобил на пазарот во моментот.
Сепак, милијардерот во своја сопственост има и моќен суперавтомобил и тоа Pagani Huayra вреден 1,3 милиони долари.