Живот

Каков татко, таков син: Џозеф Баена изгледа исто како Шварценегер во младоста

21. ноември 2019 - 14:18 | Б.С.Б.

Џозеф Баена изгледа идентично како неговиот татко Арнолд Шварценегер во младите години, е заклучокот на обожавателите на младиот бодибилдер откако тој објави фотографија на која ги покажа мускулите и разголеното тело.

22-годишното момче вредно вежба во теретана и е достојана замена на неговиот татко. Редовно објавува фотографии на социјалните мрежи, а најчесто добива коментари дека е ист како неговиот татко, славниот актер Арнолд Шваценегер.

Се разбира, Шварценегер се гордее со својот син и е пресреќен што одлучил да оди по неговите стапки. На роденденот на Арнолд, Џозеф објави заедничка фотографија од теретана покрај која откри дека татко му е негов најдобар партнер во тренинзите.

Џозеф е вонбрачен син на актерот кој го доби со поранешната куќна помошничка Милдред Баена. Во 2011 година Los Angeles Times објави дека актерот има вонбрачен син додека е во брак со Марија Шрајвер.

Шварценегер и Шрајвер најавија разделба неколку дена по објавувањето на веста. Парот има син кој е постар неколку дена од Џозеф. Арнолд исто така е татко на 26-годишниот Патрик, 29-годишната Кетрин и 28-годишната Кристина, родени во бракот со Марија.

Коментирај