Каков вкус има пилешкото месо произведено во лабораторија?

Пилешките нагети обично имаат прилично лоша репутација – најчесто немате поим со какво месо се полнети, многу е веројатно дека содржат адитиви, а доколку не ви сметаат овие работи, тогаш можеби ќе ви смета тоа што за да се направат, некое животно мора да биде убиено. Но, овој нагет не е обичен бидејќи неговото месо беше „израснато“ во лабораторија.

Тоа што овој пилешки нагет е производ на лабораториска работа не значи дека тој е вештачки. Баш напротив, направен е од вистинско пилешко месо креирано во лабораторија со помош на клетки земени од жива кокошка.

„Чистото месо“, исто така наречено cultured meat, се произведува на тој начин што се одвојуваат клетки од животното преку биопсија, која е безболна за него. Клетките можат да бидат одвоени од било каде, дури и од пилешки пердув. Потоа на клетките им се додаваат нутриенти, со кои месото „расте“ во биореактор. Во случајот на овој пилешки нагет, нутриентите се од растително потекло.

Не само што се избегнуваат животински жртви, туку за производство на чисто месо се потребни помалку ресурси отколку за одгледување на живина. За „одгледување“ на чисто месо се потребни околу две недели престој во биореактор, а за вкусот се задолжени професионални готвачи кои го надгледуваат целиот тој процес.

„Готвачите се вистинските херои на овој подвиг, бидејќи тие ја диктираат количината на клетки која треба да биде ставена во месото за да биде што повкусно“, вели Виктор Санто, директор одделот за клеточна архитектура.

А каков е вкусот на пилешкиот нагет произведен од лабораториски одгледано месо? Според Лекси Савидес од порталот CNet, текстурата која му ја дава презлата на нагетот на Just (Сан Франциско) е иста како кај онаа од најголемите ресторани за брза храна, а вкусот на месото е изненадувачки добар и остава впечаток на пилешко месо кое се користи кај најголемите дистрибутери на храна во САД.

Доколку сакате да пробате пилешки нагет од „чисто месо“, тогаш ќе мора да почекате барем уште некое време. Ресторанот Just мора да добие дозвола од американската влада за производство и дистрибуција на месо произведено во лабораторија, но оттаму велат дека овој процес би требало да заврши пред крајот на оваа календарска година.

реклама

Наука

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе