Каква е долината: Силиконска или силициумска?

Често пати во македонските медиуми читаме за познатата Silicon Valley, но во голем дел од случаите тоа е на погрешен начин преведено. Една од дилемите што секогаш привлекуваат реакции кога ќе објавиме текст за долината е дали таа е силиконска или силициумска?

За почеток добро е да се знае што се случува во Silicon Valley. Во неа не се произведуваат силиконски инпланти, ниту пак е центар на пластичната хирургија. Таму некогаш се развивале и произведувале полуспроводници кои користат силициум, а денеска терминот се користи за јужната област во близина на Сан Франциско во која се сместени голем дел од американските високо-технолошки компании, IT компании и стартапи.

Исто така, важно е да се знае дека силициумот е природен елемент и е металоид што значи дека има карактеристики на метали и на неметали, додека силиконот е синтетичка супстанца. Во почетокот, силициумот го сметале за метал, па го добил името Silicium („иум“ делот на крајот сугерира дека е метал), термин кој се уште се користи и во македонскиот јазик, иако во англискиот, на пример, овој материјал е Silicon.

Забуната настанала поради сличноста на термините за силициум и силикон - природниот материјал кој се користи во електронската индустрија е Silicon (силициум), додека Silicone (силикон) е синтетичкиот материјал кој се користи во градежништвото, како и во естетската хирургија. Едно „е“ на крајот на англиските термини прави огромна разлика, а секогаш предизвикува реакции за тоа како е правилниот превод на познатата долина.

Иако во македонскиот јазик, силиконската долина е термин кој е општо прифатен, вистинскиот превод на Silicon Valley не е Силиконска, туку Силициумска долина.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Чек дис аут

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Read more

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Read more
Четири типа на пријатели

Четири типа на пријатели кои сите ги имаме

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Совршено за велигденскиот пост: Печени компири со грашок

Читај повеќе

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да рециклирате пластични шишиња дома?

Читај повеќе

8 секојдневни намирници што помагаат да се подобри здравјето

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот во државата која официјално не постои?

Читај повеќе

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Читај повеќе

Едноставна промена на животниот стил може да го намали крвниот притисок

Читај повеќе

Зошто често се чувствувате уморни во текот на денот?

Читај повеќе

Колку често мажите и жените помислуваат на секс?

Читај повеќе