Каква е состојбата со COVID-19 на Балканот?

Во изминатите 24 часа во нашата држава се направени 1.545 тестирања, а од новорегистрираните случаи, 90 се во Скопје, а потоа следуваат Куманово-17, Дебар-6, Штип-9, Прилеп-3, Тетово-12, Струга-12, Битола-2, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-5, Струмица-2, Радовиш-1, Крушево-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Свети Николе-24, Кичево-3, Ресен-2.

- Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина се регистрирани 316 лица позитивни на коронавирус, што е најмногу од почетокот на епидемијата, соопштија надлежните власти.

197 се заразени во Федерацијата БиХ, а 119 во Република Српска.

Во изминатите 24 часа пријавени се три смртни случаи во Сараево и Високо.

Од почетокот на епидемијата во БиХ, потврдени се 6.402 случаи на коронавирус, додека вкупниот број на смртни случаи изнесува 219.

- Во Србија 345 новозаразени со коронавирусот, починале 12 лица

Во последните 24 часа во Србија се потврдени 345 нови случаи на коронавирус, а тестирани се 7.032 примероци.

Во истиот период починале 12 лица. Процентот на смртност е 2,11 отсто.

На респиратор се 130 пациенти, а вкупниот број на активни случаи изнесува 3.911, објавено е на веб-страницата на српското Министерство за здравство. 

- Рекордни 140 новозаразени со коронавирусот во Хрватска

Со 140 новозаразени лица, Хрватска во последните 24 часа постави нов рекорд за едно деноноќие, а починало едно лице.

Националниот штаб за цивилна заштита соопшти дека во земјата има 1.088 активни случаи, од кои 124 пациенти се во болница, а тројца се на респиратор.

Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 3.672 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 118 починале, а 2.466 оздравеле.

Во моментов има 4.756 лица во самоизолација.

До денеска, тестирани се вкупно 92.808 лица, од кои 1.322 во последните 24 часа.

- Во Албанија расте бројот на заразени со COVID-19

Нови 93 случаи, шестмина оздравени и четворица починати е билансот од последното деноноќие за состојбата со COVID-19 во Албанија.

– Од направените 420 тестови на сомнителни случаи, позитивен резултат е добиен кај 93 од нив, што е највисока бројка од појавата на пандемијата на почетокот на март, од кога се направени 31.933 тестови. Вкупната бројка на заразени се зголеми на 3.371 лице, битката со опасниот непријател ја добија 1.881, ја изгубија 89, а активни на болеста се 1.401 лице, се наведува во соопштението на албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

- Во Бугарија уште 292 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 292 нови случаи на коронавирус од 4.540 тестирани, а пет лица починаа.

Според Центарот за информации за коронавирусот, оздравеле 79 пациенти.

Во болниците низ земјата има 516 пациенти, од кои 32 се на интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата, во Бугарија се заразени 6.964 луѓе, а во моментов има 3.389 активни случаи. Досега вкупно починале 267 лица.

Тагови
реклама

10 август 1913, Со Букурешкиот договор била поделена Македонија

Read more

Голема експлозија и во Русија

Read more

Видра скокна на брод бегајќи од орка кит

Read more

Осветлен и раззеленет, стадионот во Прилеп предаден на општината

Read more

Регион

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Read more

Грчката Влада воведува нови шест мерки, се откажува Меѓународниот саем во Солун

Read more

Проекција: Каква штета би направила во Загреб експлозија како онаа во Бејрут?

Read more

Се зголемува бројот на заразени во Грција, регистрирани 203 нови случаи

Read more

Вести

  • play_arrow
  • filter

Протестите во Чикаго се претворија во масовна пљачка, уапсени над 100 лица

Читај повеќе

Активни 3.327 случаи со COVID-19, нема оправдување за тие кои не носат маска

Читај повеќе

Сончево со умерена облачност, температури до 35°C

Читај повеќе

Ахмети: Ќе зависи од волјата на двете страни за да имаме позитивен епилог во полза на државата

Читај повеќе

Либанската Влада поднесе оставка, но протестите продолжуваат

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Без договор за нова влада заврши средбата Заев-Ахмети, разговорите продолжуваат

Читај повеќе

Експлозија на гас во Балтимор, урнати неколку куќи, една жена загина

Читај повеќе

Разочараност во Русија од одлуката на Србија да купи кинески ракетен систем наместо С-300

Читај повеќе