Каква е ситуацијата со COVID-19 на Балканот?
Во последните 24 часа во Словенија направени се 6.453 тестирања, а регистрирани се 1.813 позитивни случаи на заразени со COVID-19. Починаа 49 пациенти.
Хоспитализирани се 1.268 пациенти од кои 196 се приклучени на респиратор.
Во Хрватска се регистрирани нови 4.396 случаи на заразени со коронавирус. Активни се 25.006 случаи. Хоспитализирани се 2.802 лица, а на респиратор се 304 пациенти. Починаа 64 лица. во самоизолација се 62.370 лица.
Во БиХ се регистрирани 940 новозаразени со коронавирус, починаа 37 лица. направени се 3.360 тестирања.
Од денеска во Црна Гора се применуваат нови мерки за ограничување за спроведување на пандемијата на COVID-19, а со нив е предвидена забрана за напуштање на домовите од 22 до 05 часот наутро и работењето на продавниците од 07 до 20 часот, додека угостителските објекти работат од 07 до 18 часот, пренесуваат црногорските медиуми.
Во Бугарија, во изминатите 24 часа се регистрирани 3.328 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, со што вкупниот број достигна 171.493, соопшти денеска Министерството за здравство.