Каква е состојбата со COVID-19 во регионот?

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 11.837.174 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 543.379, а оздравеле 6.799.677 лица.

Во нашата земја во последните 24 часа се направени 1.367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на COVID-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.244, бројката на оздравени пациенти е 3.324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.569. Најголем број активни случаи има во главниот град Скопје – 1941.

Според последните податоци, БиХ со 160 новозаразени лица е прва земја во регионот по бројот на нови случаи на COVID-19. Во последните 24 часа во земјата починале десет лица. Официјалните податоци покажуваат дека во таа земја моментно се заразени 5.198 луѓе со коронавирус.

Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран еден нов смртен случај и 27 позитивни лица на COVID-19. Од новите случаи, 14 се туристи кои пристигнале во земјата. Од почетокот на епидемијата заразени од новиот коронавирус се 3.589 лица, а починаа 193.

Во Хрватска во последните 24 часа се забележани 52 нови случаи на зараза со коронавирус, со што бројот на активни случаи се зголеми на вкупно 930. Според официјалните податоци нема ниту едно починато лице. Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај, во земјата вкупно се потврдени 3.272 заболени лица, од кои 113 смртни случаи, а 2.229 оздравени.

Во последните 24 часа во Србија починале уште 13 лица од COVID-19, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата. Потврдени се 299 нови случаи на зараза, вкупно досега 16.719. Од почетокот на епидемијата во Србија починале вкупно 330 луѓе, а процентот на морталитет се зголеми на 1,97 отсто.

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 74 новозаразени со COVID-19, починале две, додека закрепнале 42 лица. Од појавата на пандемијата, 9 март, со последните 409, направени се 29.669 тестови, позитивен резултат е добиен кај 3.038, борбата со опасниот вирус ја добиле 1.744, а ја загубило 81 лице. Активни на болеста се 1.213, при што болнички се лекуваат 81 лице, притоа девет се во тешка здравствена состојба.

Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 66 лица заразени со COVID-19 и вкупниот број достигна 583. Од новозаразените најголем број се во Подгорица – 39. Регистрирани се уште два смртни случаи, со што вкупниот број на починати во земјата изнесува осум.

Министерот за здравство на Бугарија Кирил Ананиев денеска изјави дека ако дневната бројка на новозаразени се искачи над 200, тоа ќе биде знак за враќање на рестриктивните мерки. Изминативе денови, со исклучок на вчерашниот кога беа направени помалку тестови, во Бугарија беа регистрирани над 150 нови случаи на COVID-19 дневно. Колку за потсетување, бугарскиот премиер Бојко Борисов на 7 мај рече дека ќе се вратат рестриктивните мерки ако бројката надмине 100 новозаразени на ден. На 4 јули во Бугарија беше регистриран највисокиот дневен број на заразени – 182. Вчера беше донесена одлука на државно ниво да се продолжи состојбата на епидемија во земјата до крајот на јули, наместо до 15 јули.

Во главниот град на Косово синоќа повторно беше вратено на сила ограничувањето на движењето на граѓаните од 21 часот до 5 часот следниот ден, како дел од напорите за спречување на ширењето на COVID-19. Покрај граѓаните на Приштина, со забрана за движење се соочија и жителите на Призрен, Урошевац и Вучитрн. Според податоците од Националниот институт за јавно здравје на Косово во земјата има 1.532 активен случај, од 3.703 регистрирани. Бројот на смртни случаи досега изнесува 79.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе