
Дваесет и шестгодишната Лурдес Леон, ќерка на познатата пејачка Мадона, се појави на отворање на изложбата Mugler Couturissime во Њујорк и привлече внимание во медиумите. Мадона дефинитивно доби достојна наследничка, сметаат светските медиуми.
Лурдес досега успешно привлекува внимание со покажување на неизбричени пазуви, проблематични изјави дадени под влијание на алкохол, но и со дискутабилни модни комбинации.
Но, за вкусот не се дискутира, нели?
Исклучок не направи ни кога синоќа се појави во проѕирни хеланки, гаќички и разголен топ.
Лурдес веќе подолго време работи како модел, а неодамна изјави дека мајка ѝ ја научила дека изгледот не е единственото нешто по кое треба да биде позната.