Џеф Безос, основачот на Amazon и официјално најбогатиот човек во светот, се огласи на Twitter откако видео со неговата девојка и Леонардо Дикаприо стана вирално на социјалните мрежи.
Милијардерот пред неколку дена доживеа непријатна ситуација кога корисници на социјални мрежи потсмешливо коментираа на видео на кое неговата девојка Лорен Санчес се запознава со холивудскиот актер Леонардо Дикаприо.
Санчес одушевено гледа во славниот актер и активист за заштита на животната средина, додека Безос воопшто не го ни забележува.
Сега, Безос на Twitter реагираше на виралната снимка и се пошегува со целата ситуација во која се најде.
„Лео, дојди овде да ти покажам нешто“, напиша Безос на Twitter покрај објава со фотографија на која држи табла со натпис „Внимание, стрмна карпа. Кобен пад“.
Инаку, Безос поради врската со Лорен се разведе од сопругата Мекензи.
Твитерџиите веднаш почнаа да се шегуваат со реакцијата на Безос.