Каква земја е всушност Саудиска Арабија?

Саудиска Арабија е земја која последните неколку дена е актуелна поради исчезнувањето или убиството на новинарот Џамал Кашоги, кое може да се покаже како многу голем проблем за САД, бидејќи оваа земја е клучен фактор на Блискиот Исток и суштински противник на шиитскиот Иран, како и најголем извозник на нафта на светот и сојузник на Вашингтон.

Во продолжение прочитајте некои карактеристики за Саудиска Арабија:

Најголем извозник на нафта

Саудиска Арабија е најголем извозник на нафта на светот и најголемо стопанство во арапскиот свет. Земјата е втора по светските резерви на нафта, веднаш по Венецуела. Но, соочена со економски тешкотии мораше да ја намали својата јавна потрошувачка после падот на цените на нафтата во 2014 година.

За да го среди стопанството што е премногу зависно од „црното злато“, Саудиска Арабија во 2016 година усвои голем план на реформи под назив „Визија 2030“, чиј средишен елемент е туризмот.

Саудиското стопанство што минатата година падна за 0,9 отсто, би требало да порасне за 2,2 отсто во 2018 и 2,4 отсто во 2019 година.

Свети места на Исламот

Во оваа пустинска земја, во која во 622 година е роден Исламот, се наоѓаат двете главни свети места за муслиманите - Мека и Медина.

Саудиска Арабија се смета за заштитник на сунизмот, а практикувањето на секоја друга вера е официјално забрането.

Шеријат

Саудиска Арабија е наследна монархија во која се забранети политичките партии. Од 1992 година на сила е фундаменталистички закон запишан во Устав, кој се темели на Шеријатот (исламскиот закон), а од 2013 година има Советодавно тело составено од жени.

Земјата има смртна казна за тероризам, убиства, силување, вооружени грабежи и трговија со дрога. Во 2017 година престолонаследникот Мохамед Бин Салман вети „умерена“ и „толерантна“ Саудиска Арабија, во желба да го прекине имиџот на земјата која важи дека промовира радикална верзија на исламот од која се инспирирани многубројни џихадисти.

Кралството во меѓувреме почна со економски и социјални реформи, дозволувајќи им на пример на жените да возат автомобили, но и отворање на киносали. Сепак оваа држава и понатаму е една од најрестриктивните земји на светот кога станува збор за правата на жените.

Противник на Иран

Сунитската Саудиска Арабија и шиитскиот Иран веќе со децении се борат за превласт во религијата и во сите кризи се наоѓаа на противнички страни.

За време на војната помеѓу Иран и Ирак, Ријад финансиски го помагаше ирачкиот режим на Садам Хусеин. Од 2012 година Техеран и Ријад се на спротивни страни во војната во Сирија.

Иран, на кого му помага шиитското движење Хезболах, всушност е главен регионален сојузник на режимот на Башар Ал Асад, на кого му нуди воена и финансиска помош. Саудиска Арабија пак е противник на сирискиот претседател и ги поддржува бунтовничките групи.

Партнер на Вашингтон

Од друга страна, Саудиска Арабија е долгогодишен партнер на САД и нивните односи се темелат на безбедност и нафта.

Од кога дојде на власт, американскиот претседател Доналд Трамп решително застана на страната на Саудиска Арабија.

Токму оваа земја го прими свечено во мај, што беше негово прво службено патување во странство, каде повика на „изолација“ на Иран за да се ограничи неговото влијание во религијата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе