Авто новости

Какви автомобили ќе возат шампионите Баерн Минхен?

12. октомври 2017 - 15:04 | А.С.

Фудбалерите на германскиот шампион Баерн Минхен ги избраа автомобилите што ќе ги возат во наредните 12 месеци.

Како и секоја година, спонзорот на овој фудбалски тим, Audi, им понуди на играчите да изберат по еден автомобил од гамата. Оваа традиција датира од 2002 година, а фудбалерите на Баерн ќе имаат можност во текот на сезоната 2017/2018 да го возат нивниот омилен модел на Audi.

Исто како и лани, и овојпат поголемиот број од нив одлучија да го земат на користење моделот RS6 Avant кој во себе ги спојува практичноста на караванот и брзината и карактеристиките на „расен спортски ѕвер“ на четири тркала.

Audi RS6 Avant во следните 12 месеци ќе биде службен автомобил на петмина играчи на Баерн, меѓу кои Хумелс, Џером Боатенг и Тијаго Алкантара.

Овој автомобил е опремен со 4.0 V8 TFSI мотор што дава снага од 560 коњски сили, а благодарение на моќниот агрегатор, автомобилот е во состојба да забрза од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди.

На второ место по популарност годинава е големиот SUV Q7, во разни верзии, вклучувајќи го и моќниот SQ7 TDI.

Зад воланот на моделот Q7 во следните 12 месеци, мешу другите, ќе седнат и Милер и Франк Рибери.

Тренерот Јуп Хејкенс зеде уште еден моќен SUV, Audi SQ5.

Коментирај