ФИФА потврди дека Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Светското првенство во 2034 година, додека Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија, Мароко, Аргентина, Парагвај и Уругвај.
Саудиска Арабија како единствен кандидат го планира турнирот на 15 футуристички стадиони, меѓу кои и меѓународниот стадион „Крал Салман“ со капацитет од 92 илјади гледачи и стадионите во Ријад, Џеда, Неом и други градови.
With 15 extraordinary stadiums, #Saudi34 will usher in a new era for football! 🏟💚#WelcomeToSaudi34 pic.twitter.com/OqEBVtRCJV
— Saudi Arabia FIFA World Cup 2034™️ (@Saudi2034) December 11, 2024
Поради Рамазан и Азиските игри во декември, СП би можело да се одржи во јануари и февруари.
Одлуката за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија наиде на критики од групите за човекови права поради загриженоста за злоупотреба на мигрантите, ограничувањата на правата на жените и ЛГБТК+ луѓето и други обвинувања.
Саудиска Арабија ветува дека турнирот ќе биде дел од социјалната трансформација на земјата.