Какви несакани ефекти може да се појават ако земате премногу витамин Ц?

Прекумерното консумирање на витамин Ц може да има некои несакани ефекти - од благи дигестивни проблеми до некои сериозни здравствени проблеми.

Витаминот Ц е клучна хранлива материја која се наоѓа во многу видови овошје и зеленчук и е неопходен за одржување на здрав имунолошки систем. Сепак, земањето премногу додатоци може да има некои несакани ефекти.

Бидејќи нашето тело не складира или произведува витамин Ц, важно е да јадеме храна што го содржи овој витамин. Дури и во високи дози, витаминот Ц не е токсичен, но некои од најчестите несакани ефекти кои можат да се појават при високи дози се дијареа, гадење, грчеви и други гастроинтестинални проблеми.

Меѓутоа, доколку земете поголема од препорачаната доза, вашето тело може да има потешкотии да ја преработи и може да настанат негативни последици. Важно е да се напомене дека додатоците на витамин Ц обично се непотребни бидејќи повеќето луѓе лесно можат да добијат доволно од овој витамин со јадење свежа храна, особено овошје и зеленчук.

Дигестивни симптоми

Најчестиот несакан ефект од прекумерната консумација на витамин Ц се дигестивни нарушувања, а тоа се јавува главно како резултат на земање високи дози на суплементи на витамин Ц. Најчестите дигестивни симптоми вклучуваат дијареа и гадење.

Според Healthline, пријавено е дека прекумерното внесување доведува до рефлукс на киселина, иако научните докази не го поддржуваат тоа.

Познато е дека витаминот Ц ја подобрува апсорпцијата на железо. Сепак, луѓето кои имаат состојби кои го зголемуваат ризикот од акумулација на железо во телото, како што е хемохроматоза, треба да бидат внимателни со додатоците на витамин Ц.

Во такви случаи, прекумерното внесување на овој важен витамин може да доведе до преоптоварување со железо, што може да биде штетно за срцето, црниот дроб, панкреасот, тироидната жлезда и централниот нервен систем.

Камен во бубрегот

Вашето тело го излачува вишокот витамин Ц како оксалат, отпаден производ кој излегува од телото преку урината. Меѓутоа, под некои околности, оксалатот може да се врзе за минералите и да формира кристали што може да доведат до камења во бубрезите.

Прекумерното консумирање на витамин Ц може да го зголеми количеството на оксалати во урината, што го зголемува ризикот од развој на камења во бубрезите, пишува Healthline. Високиот внес на витамин Ц не е поврзан само со поголеми количини на оксалати во урината, туку е поврзан и со развој на камења во бубрезите, особено ако консумирате повеќе од 2.000 mg на ден.

Треба да се напомене дека е речиси невозможно да се внесува премногу витамин Ц само од храната, но доколку земате и суплементи, треба да внимавате на внесувањето.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Здравје

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Лекари откриваат седум необични симптоми на рак

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што треба да правите на секој тренинг за подобри резултати?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучеле јазиците на Викинзите, Ацтеките, Египќаните, Римјаните...?

Читај повеќе

Бонтон vs обичаи: Дали на гости треба да се соблекуваат чевлите?

Читај повеќе

Што да јадете за здрав црн дроб?

Читај повеќе

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Читај повеќе

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Читај повеќе

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Читај повеќе

Како да направите домашна пица како вистински мајстор?

Читај повеќе

Инфлуенсерски сон: Дизајнерски чизми со Телетабиси чинат 2.500 долари

Читај повеќе