Какви промени ќе забележите на телото ако почнете да вежбате со тегови?

А.С.
/ 25.03.2023 / 13:38

Без оглед на тоа кои се вашите фитнес цели, кревањето тегови веројатно се наоѓа во некој дел од вашиот фитнес план.

Вежбањето е многу важно, особено за оние кои сакаат да се ослободат од масните наслаги и да го обликуваат телото. Тренингот за сила или кревањето тегови помага во согорувањето маснотии, ги обликува мускулите и согорува калории. Исто така, има долгорочни придобивки како што се зајакнување на коските, одржување на здравјето на срцето и зголемување на целокупната флексибилност.

За почетниците и оние кои се опоравуваат од повреда, кревањето тегови е најбезбедна опција бидејќи има минимални шанси да им предизвикате преголем напор на зглобовите. Сепак, иако има многу придобивки, како што важи и за речиси сѐ друго, кревањето тегови мора да биде умерено.

 

 

Не смеете да кревате тегови секој ден затоа што на тој начин вашите мускули нема да го добијат периодот на одмор и заздравување, кој е многу важен. Мускулите всушност не се зајакнуваат додека кревате тегови, туку за време на одморот помеѓу тренинзите. Имено, тогаш се одвива процесот на синтеза при што клетките произведуваат протеини кои го стимулираат растот на силните мускули, пишува Livestrong.

Кога не им давате на вашите мускули барем еден слободен ден помеѓу тренинзите, се намалува времето што им е потребно на клетките на вашето тело за опоравување и создвање нови протеини.

Ако одредена мускулна група особено многу ве боли, тоа значи дека се опоравува од тежок тренинг.

За да ги избегнете негативните симптоми на честото кревање тегови, како што се прекумерен замор, намалени перформанси, нарушувања на расположението и спиењето, како и повреди, оставајте барем еден слободен ден за одмор меѓу тренинзите со тегови.

Во слободните денови вежбајте флексибилност и зајакнување на средишните мускули, преку јога или пилатес вежби.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Фит

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Read more

Кој е најдобриот тип на тренинг според возраста?

Read more

Што ви се случува во телото кога редовно прескокнувате оброци?

Read more

Осум утрински навики што ќе ви помогнат да слабеете

Read more
 

Магазин

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе

Гледањето во мобилен кога сте изложени на сонце може да ви го оштети видот

Читај повеќе

Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Читај повеќе
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Читај повеќе

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Читај повеќе

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Читај повеќе

Татковците се помалку под стрес од мајките

Читај повеќе

Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Читај повеќе