Какви се привилегии ужива Нејмар во Парис Сен Жермен

Порталот „La Parisien“ објави низа на привилегии кои ги ужива новата ѕвезда на Парис Сен Жермен. Колку долго ќе функционира тоа така и какви се шансите Реал да добие нова ѕвезда?

Нејмар направи рекорден трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони фунти, па според проста логика, Бразилецот би требало да го облече дресот, да излезе на терен и да игра најдобро што знае, за да му помогне на тимот да оствари што е можно подобри резултати.

Меѓутоа, наместо астрономската трансфер сума и платата од околу три милиони евра месечно да бидат параметри кои дополнително ќе го потикнат професионално да си ги врши своите задачи, сепак во модерниот фудбал се чини дека тоа се средства кои можат да се искористат за уживање на други бројни привилегии.

Според пишувањата на споменатиот извор, Нејмар во Париз ужива многу привилегии, од кои некои се делумно прифатливи, а некои на раб од апсурд.

На пример, тој има двајца физотерапевти кои се грижат само за него.

Златан Ибрахимовиќ, кој во ПСЖ беше „малиот бог“, исто така во клубот си доведе свој физотерапевт, но тој се ангажираше и за останатите играчи.

Нејмар за време на натпреварите е ослободен и од должноста да се враќа назад кога топката е во посед на противникот, а на другите првотимци им е дадена инструкција на тренинг да не влегуваат во јаки дуели со Бразилецот.

Скапоцениот напаѓач, наводно, може и да бира натпревари во кои нема да настапува, што и го користи, посебно ако претходат натпревари од Лигата на шампионите или репрезентативна пауза.

Така беше минатиот викенд кога не отпатува со тимот на гостувањето во Анжер, каде ПСЖ победи со 5:0.

Нејмар е единствениот фудбалер на „Светците“ кој на патувањата не носи рачен багаж со ознаките на клубот, туку торби со брендови по свој вкус.

Во светло на сите овие, секако неофицијални податоци, не е ниту чудно што тој набргу после доаѓањето влезе во конфликт со Едисон Кавани и наводно со тренерот Унај Емери.

Приказната би можела да доживее расплет на неколку начини

ПСЖ, и покрај се, може да ја освои титулата првак во Франција и Лигата на шампионите, што би го направило Нејмар сериозен кандидат за толку посакуваниот индивидуален трофеј – Златната топка. Во тој случај сите несогласувања би завршиле „под тепих“.

Но, ако нема врвни резултати, ќе се бара кривецот, најлогично би било Емери да ја загуби работата и да дојде нов тренер, секако после консултации со најголемата ѕвезда на тимот.

Не би било чудно во тој случај ниту Нејмар да се откаже, во однос на тоа дека одредени шпекулации уште сега го поврзуваат со Реал Мадрид.

Познато е дека претседателот на „Кралскиот клуб“ живее за доведување на нови „галактикоси“, а Кристијано Роналдо наскоро ќе наполни 33 години и се поочигледно е дека во догледно време ќе му биде потребна замена.

Серхио Рамос веќе му ги отвори вратите на клубот, па останува да видиме како ќе се развива ситуацијата околу Нејмар, кој очигледно уште долго време ќе биде топ тема во Европа. 

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Фудбал

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Read more
 

Спорт

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе