Какви се реакциите по вчерашната изјава на Заев за случајот „Рекет“?

Скопје, 14 август 2019 (МИА) – „Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар, и да ме извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност“.

Оваа изјава на премиерот Зоран Заев што ја даде синоќа во Клубот на пратениците во коментар на очекувањата  и последиците од разврската на случајот „Рекет“ предивика редица реакции од политички партии, регулаторното медиумско тело, новинарските здруженија и невладините организации, а беше проследена и со коментари на социјалните мрежи.

По првите реакции, Заев преку Twitter се извини на ЛГБТ заедницата и појасни дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина, а не да означа сексуална припадност.

– ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега, напиша Заев на „Твитер“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштение побара одговорност и наведе дека најостро ги осудува навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелодениле неговиот криминал, како и навредите врз основа на сексуалната определба. Според ВМРО-ДПМНЕ, премиерот е исплашен од медиумските написи дека осомничениот Бојан Јовановски во „Рекет“ има докази против него и ќе ги обелодени.

Владејачката СДСМ во реакција на ВМРО-ДПМНЕ  оцени дека опозициската партија е најмалку повикана да зборува за навреди и закани. Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години премолчувала и директно промовирала насилство кон ЛГБТ заедницата и нејзини претставници и оти со таквото однесување продлжила и во опозиција.  ВМРО-ДПМНЕ се лицемерни и немаат право да зборуваат за дискриминација, наведоа од СДСМ.
 
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, пак, побара премиерот да се воздржи од како што  оцени дискредитирање, етикетирање и дискриминирање.

Осудувајќи ја изјавата АВМУ посочи дека таа е проблематична најмалку по три основи. – Премиерот, како носител на јавна функција, наместо да ја прифати и да ја почитува улогата на новинарите како критичари на работата на власта се обидува да дискредитира новинар. Наместо да покаже највисоко ниво на почитување на различностите, тој употребува етикетирање кое што е дерогирачко за ЛГБТ-лицата. Заев во својата изјава исто така не ја почитува ниту пресумпцијата на невиност, укажа АВМУ.

Здружението на новинарите на Македонија, исто така, во реакција  ја осуди изјавата на Заев и повика тој да им се извини на новинарите. – Ваквиот агресивен говор кон новинарите од страна на претседателот на Владата може да поттикне насилство кон нашите колеги, а со тоа и дополнително да се загрози нивната безбедност и да се ограничи слободата на изразувањето, оцени ЗНМ, забележувајќи водно и дека „непримерниот говор во однос на припадниците на ЛГБТИ заедницата не доликува на сериозен политичар и носител на таква висока функција.

Со осуда и барање од премиерот да се извини излезе и Македонската асоцијација на новинари (МАН), од каде сметаат дека изјавата преставува директна закана кон медиумите и новинарите и формите на слободно изразување.

 

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Македонија

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more
 

Вести

Ванковска: Без директно соочување на противкандидатите мислам дека сите ќе бидеме посрамени

Читај повеќе

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Читај повеќе

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе