Какви тенкови им прати Русија на Србите?

Руската Федерација ѝ донираше 30 тенкови T-72MS на Србија, а првите веќе се испорачани. Станува збор за донација вредна околу 30 милиони евра.

Како што рече поранешниот министер за одбрана Александар Вулин во мај минатата година пред воената парада во Ниш, кога беше прикажан овој тенк, Србија доби тенкови Т-72 како донација во рамките на воено-техничкиот договор постигнат меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и неговиот руски колега Владимир Путин. Тој потоа додаде дека благодарение на таа донација, српските оклопни единици ќе бидат „значително подобрени и зајакнати“.

Како дел од воено-техничкиот договор, Србија покрај овие тенкови и други оклопни возила, од Русија доби и 30 оклопни возила BRDM-2, од кои некои веќе пристигнаа во Србија.

Remote video URL

Најголемата и најважна новина е фактот дека Српската армија за прв пат ќе има тенк со активен-реактивен оклоп.

Станува збор за тенкови со можност за лансирање ракети од топовски цевки со калибар од 125 милиметри, а имаат и споен митралез од 7,62 милиметри, кој се наоѓа покрај топовската цевка и го следи вртењето на куполата, како и митралез од 12,7 милиметри на врвот, кој ротира независно од куполата.

Еден од најпознатите производи на руското наоружување кој стигнува во Србија, ќе има посилен мотор и подобра електронска опрема. Унапредениот тенк Т-72 исто така ги потврди своите можности на бојното поле, и се покажа како неуништлив во Сирија.

Моќта на овој тенк најдобро се покажа на вежбата одржана на полигоните Албино, Головенка и Мулино во околината на Москва.

Руските тенкисти ја вежбаа брзината на реакција на тенковите Т-72 и Т-80, односно за колку време тие можат да погодат цел што се појавува само за момент.

На метите оддалечени од 700 метри до 2 километри, се гаѓаше со топовски гранати и тенковски митралези.

Remote video URL
Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Читај повеќе